/ Прочитано:

4.192

Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка

Врховниот суд на РМ објави сентенци по правен основ имотни односи и парнична постапка, а во врска со службеност, утврдување право на сопственост и примена на ЗПП.

  • Период за стекнување стварна службеност со одржувачка

Сентенца: Правно релевантен период за стекнување стварна службеност со одржувачка врз недвижна ствар која била во општествена, односно државна сопственост, е времето на вршење на фактичката власт врз недвижноста од стапување на сила на Законот за сопственост и други стварни права до поднесување на тужба.

Образложение: Ревизијата на тужениот, е основана.

Основан е наводот во ревизијата за погрешна примена на материјалното право, ако се има во предвид утврдената фактичка состојба.  Врз основа на вака утврдената фактичка состојба, применувајќи ги одредбите од член 192 и член 202 од Законот за сопственост и други стварни права, првостепениот суд го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителот. Имено, првостепениот суд изразил правно сфаќање дека тужителот како сопственик на привилегирана ствар не ја остварувал службеноста за време од 20 години како би се стекнал со стварна службеност по пат на одржувачка, со оглед на утврденото дека на тужителот во текот на 2000 година му бил вратен во сопственост недвижниот имот по основ на денационализација, по што целосно го реконструирал објектот на парцелата, додека тужениот неговиот имот го купил во текот на 2004 година… Сентенцата во целост.

  • Наследничка (сопственичка) тужба на наследник на право на денационализација

Сентенца: Законскиот наследник на правото на денационализација, правото на сопственост на имот како наследник може да го бара со наследничка (сопственичка) тужба а не како заинтересирано лице.

Образложение: Ревизијата на тужителот е основана.  Основан е наводот во ревизијата за погрешна примена на материјалното право од страна на второстепениот суд, ако се има во предвид утврденото од пониските судови. Правно оценувајќи ги утврдените факти, според наоѓањето на Врховниот суд на Република Македонија, во конкретниот случај спорниот однос треба да се разреши со примената на одредбите од Законот за наследувањето во корелација со одредбите од Законот за сопственост и други стварни права… Сентенцата во целост.

  • Дозволеност на ревизија за камата како споредно побарување

Сентенца: Не се исполнети условите за дозволеност на ревизија во случај кога побиваниот дел на пресудата се однесува за камата како споредно побарување, без оглед што во постапка по жалба второстепениот суд ја преиначил првостепената пресуда во делот за каматата.     

Образложение: Ревизијата е недозволена.  Имено, согласно член 28 став 1 од Законот за парнична постапкa („Службен Весник на РМ” бр. 07/11), кога за утврдување на составот на судот, правото на изјавување ревизија и во други случаи предвидени во овој закон е меродавна вредноста на предметот на спорот, како вредност на предметот на спорот се зема предвид само вредноста на главното барање. Во ставот 2 од истиот член стои дека каматите, парничните трошоци, договорната казна и другите споредни барања не се земаат предвид, ако не го сочинуваат главното барање… Сентенцата во целост.

  • Утврдување на факт дека настапил прекин на вработување на работник поради наполнети 64 години возраст по сила на закон

Сентенца: Спорот во кој се бара утврдување на факт дека настапил прекин на вработување на работник поради наполнети 64 години возраст по сила на закон, не претставува спор од работен однос по повод престанок на работен однос и во тој случај дозволеноста на ревизијата се цени според вредноста на предметот на спорот на побиваниот дел на пресудата.

Образложение: Ревизијата е недозволена. Според член 372 став 2 од Законот за парничната постапка, („Службен весник на РМ, бр. 79/05, 110/2008, 83/2009 и 116/2010, 124/15), странките можат да изјават ревизија против второстепена пресуда, ако вредноста на предметот на спорот на побиваниот дел на пресудата надминува 1.000.000,00 денари. Според член 372 став 3 точка 3 од истиот закон, по исклучок на ставот 2 од овој член без оглед на вредноста на предметот на спорот, ревизијата е секогаш дозволена во спорови од работни односи по повод престанок на работен однос… Сентенцата во целост.

Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка

Сентенца на Врховниот суд во врска со писмена изјава на работникот за продолжување на договорот за вработување

Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови

Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи

Сентенци на Вишиот управен суд за права од работен однос, даночни права, имотноправна област и други права

Сентенци на Вишиот управен суд за прашања од имотно-правната област, правата од пензиско и инвалидско осигурување и даночните права

Сентенци на Вишиот управен суд за имотни права, за права од пензиско и инвалидско осигурување и за даночни права

„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“

СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД

ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети

Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП

М.В