Информации

Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството
Одобрување на проекти

Дирекција:
ул.Пелагонка 2 , 7000 Битола, Р.Македонија
тел:+389 (47) 228 370
Регионални центри на територија на РМ
e-mail:ipard.info@gmail.com

Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ)

АПРЗ преку системот на давање на советодавни услуги на земјоделските стопанства (ЗС), има за цел да овозможи трансфер на знаења и информации, како и нивна имплементација кај земјоделските стопанства во насока на подобрување на квалитетот и квантитетот на земјоделското производство со економска оправданост, конкурентност на македонските пазари во ЕУ и попироко, одржлив развој на земјоделството во руралните подрачја, како и поддршка во развојот и реализацијата на аграрната политика со одржување на база на податоци од ЗС преку теренски посети на земјоделските стопанства. АПРЗ е одговорна за давање на стручна помош на земјоделското стопанство со цел зголемување на квалитетот, квантитетот и профитабилноста на земјоделското производство со оптимално искористување на расположивите ресурси и нивна поголема искористеност во пазарно ориентираните и рурални средини.

Советодавните услуги се дизајнираат и обезбедуваат преку: практична примена на научните и техничките сознанија насочени според потребите на пазарот; јакнење и соработка на земјоделските здруженија; поддршка во спроведувањето на владините програми и мерки наменети за земјоделскиот сектор; воспоставување и примена на информативни системи во функција на подобрување на следливоста на земјоделските активности и размена на информации со чинителите во агрокомплексот.