Информации

Државна комисија за спречување на корупција
ул. Даме Груев бр.1, 1000 Скопје
Тел. +389 (2) 3215 377
Факс. +389 (2) 3215 380
email: dksk@dksk.org.mk

Државна комисија за спречување на корупција (ДКСК)

Државната комисија за спречување на корупција е самостојна и независна во вршењето на работите определени со закон и има својство на правно лице.

Државната комисија ги има следниве надлежности:

  • донесува државна програма за превенција и репресија на корупцијата и Акционен план за нејзино остварување;
  • донесува годишни програми и планови за работа на Државната комисија;
  • дава мислења за предлози на закони од значење за спречување на корупцијата;
  • покренува иницијатива пред надлежните органи за контрола на финансиско-материјалното работење на политичките партии, синдикатот и здруженијата на граѓани и фондации;
  • покренува иницијатива за поведување постапка пред надлежните органи за разрешување,  распоредување, сменување, или примена на други мерки на одговорност на избрани или именувани функционери, службени лица или одговорни лица во јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал;
  • покренува иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на избрани или именувани функционери, службени лица или одговорни лица во јавни претпријатија, јавни установи и други правни лица што располагаат со државен капитал;
  • постапува во случаи на судир на јавниот и личниот интерес, определени со закон;
  • ја евидентира и следи имотната состојба и промените на имотната состојба и на избраните и именуваните функционери и одговорни лица во јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал, на начин утврден со Законот за спречување на корупцијата;
  • донесува Деловник за работа;
  • поднесува годишен извештај за својата работа и за преземените мерки и активности до Собранието на Република Македонија, а го доставува до претседателот на Републиката, Владата на Република Македонија и средствата за јавно информирање;
  • соработува со други државни органи во спречување на корупцијата;
  • соработува со соодветни национални тела на други држави, како и со меѓународни организации на полето на спречување на корупцијата;
  • презема активности на планот на едукацијата на органите, надлежни за откривање и гонење на корупцијата и другите видови на криминал;
  • донесува акти за внатрешна организација и систематизација на работните места во Секретаријатот и
  • врши и други работи определени со закон.

Државната комисија ја известува јавноста за преземените мерки и активности и за нивните резултати.