Информации

Надлежен орган: Министерство за внатрешни работи на РМ
- Подрачни единици на МВР на територија на РМ
- Подрачна единица на МВР Скопје:
ул. Кеј Димитар Влахов бб, 1000 Скопје - во зградата на МТВ со влез од страната на Реката Вардар,
Бесплатно телефонско закажување на:
0800 192 92, 072 929 292
Работно време на шалтерите
од понеделник до петок
од 7:30 до 21:30 ч.

Издавање на лична карта за првпат

Постапката за обезбедување лична карта за првпат започнува со закажување термин, и тоа:

  • преку бесплатниот телефонски број 0800 192 92 (само преку фиксен телефон);
  • преку телефонскиот број 072 929 292 (преку мобилен телефон) или
  • преку интернет-страницата на МВР termin.mvr.gov.mk.

На закажаниот термин малолетното лице треба да поднесе барање за издавање лична карта до Секторот за внатрешни работи при Министерството за внатрешни работи според подрачјето на кое има живеалиште. Барањето може да се подигне директно на шалтерот, или пак може да се преземе од интернет-страницата на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Притоа, задолжително е личното присуство на двајцата родители на малолетното лице.

Кон барањето се доставува:

  •  извод од матичната книга на родени на барателот (се прибавува по службена должност) и
  • лична карта на еден од родителите на барателот (заради увид).

При поднесување на барањето за издавање лична карта, службеникот зема и биометриски податоци од лицето што обезбедува лична карта за прв пат – фотографија, отпечатоци од два прста и своерачен потпис во дигитална форма заради утврдување на идентитетот.

Барателот задолжително кон барањето треба да приложи уплатница на износ од 190 денари, на име Уплата за образецот за лична карта, при што во уплатницата треба да ги внесе следните податоци:

  • Назив на примачот:  Трезорска сметка
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Сметка на примачот:  100000000063095
  • Износ:  190,00 ден.
  • Сметка на буџетскиот корисник:  060010012463112
  • Приходна шифра и програма: 72412220

Износот од 190 денари може да се уплати и со картичка, директно на шалтерот на Секторот за внатрешни работи до кој се поднесува барањето за издавање лична карта.

Секторот до кој е поднесено барањето за издавање лична карта ќе ја издаде личната карта во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.

Рокот на важење на првата лична карта е 5 години од датумот на нејзиното издавање.