Информации

Надлежен орган: Министерство за внатрешни работи на РМ
- Подрачни единица на МВР на територија на РМ
– Подрачна единица на МВР Скопје:
ул. Кеј Димитар Влахов бб, 1000 Скопје – во зградата на МТВ, со влез од страната на Реката Вардар
Бесплатно телефонско закажување на:
0800 192 92, 072 929 292,
Работно време на шалтерите:
од понеделник до петок, од 7:30 до 20:30 часот

Изгубена лична карта

Доколку граѓанин на Република Македонија ја изгуби личната карта, пред да поднесе барање за издавање нова лична карта, мора да ги преземе следните дејствија:

1. да го пријави губењето на личната карта во Секторот за внатрешни работи при Министерството за внатрешни работи кој примарно му ја издал личната карта;
2. да ја огласи изгубената лична карта за неважечка во Службен весник на Република Македонија, при што трошокот за објава чини 60,00 денари;
3. да закаже термин за поднесување барање за нова лична карта, и тоа:

• преку бесплатниот телефонски број: 0800 192 92 (само преку фиксен телефон);
• преку телефонскиот број: 072 929 292 ( преку мобилен телефон) или
• преку интернет-страницата на МВР – www.termini.mvr.gov.mk.

Кон барањето за издавање нова лична карта, граѓанинот треба да ги приложи и следните документи:
• изјава за изгубена лична карта;
• уплатница на износ од 190,00 денари на име Уплата за образецот за лична карта, при што во уплатницата треба да ги внесе следните податоци:

Назив на примачот: Трезорска сметка
Банка на примачот: НБРМ
Сметка на примачот: 100000000063095
Износ: 190,00
Сметка на буџетскиот корисник: 060010012463112
Приходна шифра и програма: 72412220

• износот од 190,00 денари може да се плати и со картичка, директно на шалтерот на Секторот за внатрешни работи до кој се поднесува барањето за издавање на лична карта;
• доказ дека личната карта била огласена во „Службен весник на РМ“.

Секторот за внатрешни работи до кој е поднесено барањето за издавање нова лична карта ќе ја издаде личната карта во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.

Доколку граѓанинот изгуби лична карта најмалку два пати, односно доколку на друг начин остане без лична карта, заменетата лична карта му се издава со рок на важење од една година.