/ Прочитано:

1.732

Со Норвежаните можеме да се тркаме само со злоупотреби на „Фејсбук“

На развоен план со милји оддалечени, кога станува збор за злоупотреби на личните податоци, Норвешка и Македонија се на иста патека: со ова се согласува норвешкиот директор на тамошната Дирекција за заштита на личните податоци, Бјорн Ерик Тон кој деновиве беше во посета на Македонија. Во скандинaвската земја, веќе 5-та година постои контакт центар и специјална веб страница која веднаш ги советува граѓаните што да преземат доколку некоја нивна фотографија без дозвола кружи на најглобалната социјална мрежа „Фејсбук“. Меѓу другото, освен што сите државни и јавни институции во Норвешка веќе одамна се активни на социјалните мрежи, во моментов фокусот на директорот Бјорн Ерик Тон е сите норвешки општини да се поврзаат со виртуелната база на податоци, кај нас помалку позната, таканаречена „Cloud Compjuting“. 

Според раскажувањата на директорот Бјорн Ерик Тон, норвешкото искуство за злоупотребата на социјалните мрежи, воопшто не се разликува за разлика од стратистиката која ја презентираше домашната Дирекција за заштита на личните податоци (од 404 претставки, две тритини се однесуваат на социјалните мрежи).

„Имаме одлично соработка со македонската дирекција. Им го пренесуваме нашето искуство како е најдборо да се заштитат профилите на социјалните мрежи од евентуални злоупотреби. Според статистиките досега кај нас најчеста се појавите: хакирање на профили, креирање на лажни профили, без дозвола  преземање на фотографии итн… За да им помогнеме на граѓаните во вакви ситуации уште пред 5 години создадовме веб сајт преку кој секој може сам да си помогне, во смисла на тоа што да направам ако мојата фотографија се шири на „Фејсбук“ без моја согласнот. Имаме и помошна линија за совети. Тоа ни беше успешен проект“, вели Ерик Тон.

Вистински предизвик за Норвежаните е општините да ги поврзат со виртуалната база „Cloud Compjuting“, па на граѓаните во секој момент да им биде достапен електронски пат до потребните документации.

„Едниот предизвик во овој момент ни е да овозможиме општините да користат „Cloud Comjuting“. Ги инсталиравме апликациите Google apps и Microsoft 365 преку кои се пружаат клауд услугите. Донесовме некои одлуки, фактички почнавме со имплементација на законот кој ги утврдува сите услови што треба да се исполнат за да може да се користат овие услуги. Сметам дека има огромна потреба за повеќе информации во однос на користењето на клауд услугите. Деновиве додека сум тука кај вас гостин, една од најголемите компании што пружа ваков тип на услуги, ме побараа да имаме состанок во врска со „Cloud Compjuting“, појаснува директорот Ерик Тон.

Минатата година граѓаните поднеле 404 претставки за злоупотреба на лични податоци

Македонската Дирекција за заштита на личните податоци веќе има соработка со своите колеги од Норвешка. Директорот Димитар Георгиевски вели дека од колегите црпи искуства за чување на сигурноста не само на граѓаните туку и на бизнисот во контекс на размената и преносот на личните податоци.

„Колегите имаат богато искуство во справувањето со феноменот на социјалните мрежи и повредата на приватноста особено за најранливите категории кај нас, тоа пред се се децата. Ние ги искажавме нашите загрижености и фактичката состојба во која се наоѓа Македoнија со оглед на зголемениот број на претставки во оваа област. Постојано бараме најсоодветни и најприфатливи методи и искуства за справување со истиот феномен што кај енормно се шири. Норвежаните имаат доста искуство и дел од нивните совети ќе ги примениме во нашето работење“, вели директорот Георгиевски.

Извештајот на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2013 година е во подготовка, но од она што го најави Георгиевски, во изминатата година пристигнати се 404 претставки, од кои две третини се однесуваат на злоупотеби сторени на „Фејсбук“. За Дирекцијата ова значи вклучување на алармантно светло за преземање на засилени мерки во борбата против злоупотребите на гигантот „Фејсбук“.


Разговараше: Паула Божиновски

Објавено: 07.02.2014