/ Прочитано:

1.341

Со Одлука на Владата, големата сала на Врховниот суд привремено отстапена за судењето „Дива Населба“

Од Кривичниот суд велат дека поради кусото време за обезбедување на сите услови за одржување на главната расправа, односно организирање на просторот и обезбедување на технички услови за судење, наместо на закажаниот термин, 23 мај, рочиштето се презакажува за 27 мај.

Службен весник Одлука на Влада за Диво Насеље

Од Кривичниот суд информираат дека со Одлука на Владата на РМ на судот му се дава на привремено користење недвижен имот, односно големата сала која се наоѓа во зградата на Врховниот суд. Одлуката, како што велат од Кривичниот суд, е веќе објавена во Службен весник.

Член 1

Со оваа одлука на Основниот суд Скопје I – Скопје се дава на времено користење, без надомест, недвижна ствар – сала во зграда бр. 3, влез 1, кат 1, број 1, намена ДП, со површина од 238,81м² од вкупно 781 м2, која се наоѓа на ул. „Првомајска“ во Скопје, на КП бр. 8887/1, КО Центар 1, запишана во имотен лист бр. 106130, број на зграда 3, сопственост на Република Македонија, за период од шест месеци од денот на влегувањето во сила на оваа одлука.

Член 2

Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“ Бр. 42-4278/1

17 мај 2016 година
Заменик на претседателот на Владата на Република Скопје Македонија,
м-р Зоран Ставрески, с. р.

Од Кривичниот суд велат дека поради кусото време за обезбедување на сите услови за одржување на главната расправа, односно организирање на просторот и обезбедување на технички услови за судење, наместо на закажаниот термин, 23 мај, рочиштето се презакажува за 27 мај.

Претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова, вели дека во целост останува на известувањето од пред две недели испратено до Судот, во кое таа наведе дека не му ја отстапува салата на Основниот суд Скопје 1 поради целосна блокада на работата на сите судови кои се наоѓаат во комплексот судски згради и во кое сугерираше судењето да се одвива надвор од овој комплекс.

Дива населба, прво рочиште

Таа наведува дека сè уште не е запознаена со Одлуката на Владата за која дополнително ќе се произнесе.

Проблемите поради немање просторни услови за одржување на судењето за „Дива Населба“ станаа уште поголеми откако предметот за 29 лица обвинети за учество во случувањата во Куманово од 9 и 10 мај 2015 година беше споен со осумтемина обвинети во предметот „Молња“ кои се товарат дека им давале логистичка поддршка на обвинетите од таканаречената кумановска група.

М. С.

ВРХОВЕН СУД: Нема услови за судењето за „Дива Населба“ во комплексот судски згради

Судот направи спојување на постапките за случаите „Дива Населба“ и „Молња“. Единствениот процес ќе почне од почеток