/ Прочитано:

1.191

Собранискиот деловник во врска со донесувањето и прогласувањето амандманите на Уставот

Во Деловникот на Собранието на РМ се пропишува дека текстот на предлогот на амандманите на Уставот со образложението и извештајот за резултатите од јавната дискусија, предлагачот го доставува до претседателот на Собранието, кој го доставува до пратениците и до претседателот на Републиката и до Владата, најдоцна 30 дена пред одржувањето на седницата на Собранието.

На текстот на предлогот на амандманите на Уставот, предлагачот, секој пратеник, работно тело и Владата кога не е предлагач, можат да поднесат амандмани најдоцна осум дена пред седницата на Собранието на која ќе се усвојуваат амандманите на Уставот.

По исклучок амандмани на текстот на предлогот на амандманите на Уставот, предлагачот може да поднесе до заклучување на претресот само заради усогласување на текстот на предлогот на амандманите кои се измениле поради усвојување на некој амандман.

По текстот на предлогот на секој амандман на Уставот се води општ претрес и претрес по текстот кој може да трае најмногу три работни дена.  Собранието се изјаснува одделно за секој амандман на текстот на предлогот на амандманите на Уставот, со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Амандманите што ги поднел предлагачот и амандманите со кои тој се согласил се сметаат за составен дел на текстот на предлогот на амандманот на Уставот. Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници го утврдува предлогот на секој амандман одделно.

Донесување и прогласување на амандманите на Уставот

Амандманите за измена на Уставот се донесуваат со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Одлука за измена на Преамбулата, членовите за локалната самоуправа, членот 131, која било одредба што се однесува на правата на припадниците на заедниците, вклучувајќи ги особено членовите 7, 8, 9, 19, 48, 56, 69, 77, 78, 86, 104 и 109, како и одлука за додавање на која било нова одредба која се однесува на предметот на тие одредби и тие членови, Собранието донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во кое мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија.

Собранието донесува одлука за прогласување на амандманите на Уставот со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Уставен закон за спроведување на Уставот

Уставниот закон се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Собранието донесува одлука за прогласување на уставниот закон со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Џафери: Најрано на 9 јануари ќе се свика пленарна седница

Претседателот на Собранието на РМ, Талат Џафери, веќе ги најави комисиската расправа за амандманите на Уставот за 17 декември и пленарната седница на Собранието која треба најрано да биде закажана на 9 јануари идната година, а гласањето да се случи на 15 јануари.

„Владата има обврска да поднесе извештај до Собранието во однос на јавните расправи, како и предлог-амандманите за кои ќе треба да се дебатира во завршна фаза на пленарна седница. Во согласност со Деловникот, комисиската расправа ќе се случи на 17 декември, на која ќе може да се предлагаат амандмани на предложените амандмани од страна на Владата. Со завршување на таа комисиска расправа, која ќе тече според фазите што се предвидени во Деловникот, моите предвидувања се дека најрано на 9 јануари ќе се свика пленарна седница која треба да заврши на 15 јануари, на која ќе се случи финално гласање на амандманите на Уставот“, изјави претседателот на Собранието на РМ, Талат Џафери.

Соопштение за последните јавни дискусии за нацрт-амандманите за уставните измени

Соопштение за третата јавна дискусија за нацрт-амандманите за уставни измени

Соопштение за втората јавна дискусија за нацрт-амандманите на Уставот одржана на Универзитетот ФОН

Соопштение на Владата во врска со првата јавна дискусија за нацрт- амандманите за уставни измени

Јавни дискусии на Владата за измените на Уставот

Јавна расправа и почеток на третата фаза за изгласаните нацрт-амандмани на Уставот

Нацрт-амандманите на Уставот пред Комисијата за уставни прашања

Според нацрт-амандманите, зборот „Македонија“ останува во членот 36 од Уставот

Објавен текстот на нацрт-амандманите на Уставот на Република Македонија

Деловникот на Собранието на РМ во врска со нацрт-амандманите на Уставот

Собранието донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот

Предлогот за уставни измени на собраниска седница – објавен извештајот од Комисијата за уставни прашања

Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на седница на Комисијата за уставни прашања

Деловникот на Собранието на РМ во врска со Предлогот за пристапување кон измена на Уставот

Што содржи Предлогот на Владата до Собранието на РМ за пристапување кон измени на Уставот

Предлогот за пристапување кон измени на Уставот на вонредна седница на Владата

Во Министерството за правда засега нема предлог за уставните измени

ДИК за референдумот: „Одлуката не е усвоена бидејќи не гласале повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список“

На референдумот од 91 година од 1.495.807 граѓани со право на глас излегле 1.132.981 граѓанин, од кои над 95% гласале „За“

ДИК со податоци за обработени 98,61 процент од избирачките места: Излезноста на референдумот е 36,87 проценти

Обвинителството со дополнителни дежурства за евентуални нерегуларности во текот на референдумот

Соопштение на ДИК: Изборните органи да работат професионално, а набљудувачите да се придржуваат до Кодексот

Почнува гласањето на референдумот: Гласаат членовите на ИО во дипломатско-конзуларните претставништва

ДИК објави табела на акредитирани набљудувачи за претстојниот референдум

Јавното обвинителство ќе ги следи евентуалните нерегуларности околу референдумот

ДИК: Неопходни се два услови за успешен референдум

Подносителите на иницијативата за оспорување на Одлуката за референдум: Срамен ден за владеењето на правото

За мнозинството уставни судии оспорената одлука за референдумот не е противуставна

Оспорената одлука за распишување на референдумот на седница на Уставниот суд

ДИК го усвои Кодексот за набљудување на референдумот

Левица поднесе иницијатива пред Уставниот суд за поништување на собраниската одлука за референдумот

Проверката на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот ќе трае до 23 август

Јавна седница на ДИК за прашања поврзани со референдумот

Изгласана Одлуката за референдум за консултирање на граѓаните

Предлог-одлуката за референдум за консултирање на граѓаните поднесена од група пратеници

Процедурите во Договорот со Грција кои се однесуваат и на зачленувањето на Македонија во НАТО

Дескоска: Со Законот за референдум не може да се менува цензусот за референдум бидејќи цензусот е уставна категорија

Претседателот Иванов донесе одлука да не го потпише указот за Законот за ратификација на договорот со Грција

Сè уште нема конечна одлука дали ќе се менува Законот за референдум, вели министерката за правда

Што се предвидува во Договорот со Грција за употребата на придавките во однос на „јавните институции и приватните ентитети“

Собранието го ратификуваше договорот со Грција

Предлог-законот за ратификација на договорот со Грција во собраниска процедура по скратена постапка

Владата ќе го достави Предлог-законот за ратификација на договорот со Република Грција

Предвидените внатрешни правни постапки во потпишаниот договор со Грција потребни за негово влегување во сила

Владата го објави текстот на договорот со Грција 

М.В