/ Прочитано:

1.529

СОНК: Да се одложи мерката на Владата за двосменско работење на градинките

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, истакна дека тие веќе апелирале до Министерството за труд и социјална работа, преку кое ќе се спроведува владината одлука, да достави барање до Владата за одложување на процесот на двосменското работење, сè додека не бидат изнајдени соодветни решенија околу прашањата кои се важни за нив како работници, за родителите, а најмногу за децата.

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК смета дека одлуката на Владата според која градинките од 1 септември треба да почнат да работат во две смени, бидејќи, како што денеска беше посочено на прес-конференција, нема подлабока анализа како тоа да се спроведе непречено.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, истакна дека тие веќе апелирале до Министерството за труд и социјална работа, преку кое ќе се спроведува владината одлука, да достави барање до Владата за одложување на процесот на двосменското работење, сè додека не бидат изнајдени соодветни решенија околу прашањата кои се важни за нив како работници, за родителите, а најмногу за децата.

Неделковски рече дека приоритет на општините треба да бидат активности со кои реално ќе ги претстават условите и можностите за организирање на двосменското работење.

„Локалната самоуправа мора во рамки на своите надлежности да го организира и работното време во согласност со побарувањата на родителите за двосменско работење. Отворени се и други прашања во делот на трансформација на работните договори на наши работници, кои долго време работат на повисока позиција, а земаат плата во согласност со решение кое им е издадено со пониско работно место. Ние побаравме да продолжи континуитетот на зголемување на платите во детската заштита и во оваа насока, добивме уверување од страна на министерката Царовска дека овие прашања се веќе разгледувани во ресорното Министерство и дека во наредниот период ќе излезат со конкретни одговори на нашите барања“, истакна Неделков.

На денешната прес-конференција, Неделков посочи дека СОНК има нејаснотии околу тоа како ќе се одвива двосменското работење, почнувајќи од работното време за кое во дописот се кажува дека ќе биде од 7 до 21:30 минути, потоа како ќе се формираат детските групи и секако, како ќе се реши проблемот со немање кадровски капацитет на градинките, односно мал број вработени кои не можат да ги задоволат потребите на една смена.

„Има проблеми и со негувателскиот и воспитувачкиот кадар кој работи со групи деца кои во сите општини се двојно поголеми од нормативите кои се пропишани. Често се случува еден воспитувач да работи, односно да биде одговорен за некоја друга група поради недостиг на кадар по основ на боледување итн. Секако, најголем проблем е мотивираноста на вработените која е најниско скалило“, истакна претседателот на СОНК.

Според Неделков, а во согласност со нивните претходни анализи кои се однесуваат на двосменското работење на градинките, неопходно е вработување на околу 200 луѓе во детската заштита, доколку, како што рече, сакаме проектот непречено и исправно да се реализира.

Во меѓувреме, МТСП информира за денешната средба меѓу министерката Царовска и претседателот на СОНК, Неделков.

Во соопштението на СОНК се наведува дека министерката Царовска го информирала претседателот на СОНК, Јаким Неделков, дека ќе продолжи усогласувањето на коефициентите на плати за вработените во детските градинки и дека  во согласност со член 1 од Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Македонија, министерствата и другите органи на државната управа, Mинистерството за труд и социјална политика испрати допис до јавните установи за деца/детските градинки, со кој ги информираше за потребата од двосменско работење.

„Двосменското работење подразбира дека децата и натаму ќе се згрижуваат како и досега од 5:30 часот наутро и до 21:30 часот навечер (во согласност со новата одлука). Ова е потребно бидејќи институциите ќе отпочнат со двосменско работно време, со што се наметнува потребата да се обезбедат услови за родителите коишто ќе работат во две смени за да има кој да ги згрижува нивните деца. МТСП смета дека јавните установи за деца кои во својот состав имаат повеќе објекти и групи во други просторни услови, двосменското работење и првата работна сабота во месецот може да ги организираат во еден или повеќе објекти, во согласност со потребата на децата и родителите. За да се направат реални проценки, до градинките е доставен и анкетен лист за секој родител, со кој ќе се утврди потребата од воспоставување на двосменско работење и првата работна сабота во месецот. МТСП укажува дека децата ќе се згрижуваат во текот на денот во согласност со потребите на родителите. Досега 4 градинки веќе работат двосменски, а уште 6 други пројавиле интерес за двосменско работење, односно ја потврдиле потребата од воведување втора смена“, истакнуваат од МТСП.

На денешната средба, како што информира надлежното Министерство, на претставниците на СОНК им било укажано дека Министерството во соработка со локалните самоуправи во Република Македонија работи во насока на подобрување на генералната состојба на опфатот на деца во градинки, како и на подобрување на состојбата со вработениот кадар во нив.

„Во таа насока, МТСП е свесно дека е евидентна потребата од проширување на капацитетот на установите кои згрижуваат деца, како и потребата за отворање на нови градинки, а вклучително на тоа и потребата од вработување на кадри во градинките и затоа треба заеднички да го решаваме ова прашање за да се надминат  проблемите со кои се соочуваат голем број родители низ државата, како во урбаните така и во руралните средини“, велат од МТСП.

А. Б.