/Прочитано:

186

Соопштение на „Цивил“ во врска со пријавени проблеми со Избирачкиот список

Во текот на првиот ден од јавниот увид во Избирачкиот список во пресрет на референдумот, до „Цивил“ дојдоа десетина пријави за проблеми. Старите проблеми, наспроти уверувањата од политичарите и ДИК, сѐ уште се евидентни. Ова е повик до граѓанките и граѓаните да реагираат и да пријават во „Цивил“.

„Фантомите во Избирачкиот список се вратиле и удобно се сместиле на адресите на граѓанките и граѓаните што се јавија во нашата организација. Добивме и една пријава за починато лице што сѐ уште фигурира во Избирачкиот список.

Во еден случај, граѓанин ни пишува дека веднаш се јавил во ДИК за да пријави неколку ’ненајавени гости’ на својата адреса. Оттаму, како и во претходните изборни процеси, го упатиле да се јави во МВР. Гласачите повторно ја слушаат старата приказна: секогаш некој друг е одговорен.

’Цивил’ ги повикува граѓанките и граѓаните да ја искористат можноста за увид во Избирачкиот список и да ги пријават неправилностите во ДИК, но и на ’Цивил’, со цел да се спроведе јавна контрола на процесот. Тоа може да се направи со порака на електронската адреса на ЦИВИЛ: civil@civil.org.mk, со назнака: Избирачки список. Во пораката наведете име и презиме на реално постојните лица, адресата, а потоа имињата и презимињата на лицата што не живеат на таа адреса. На располагање е и тел. број: 02/520 91 76 од 9 до 17 часот, секој работен ден.

Ги повикуваме институциите да го поедностават процесот на решавање на случаите што ќе ги пријават граѓанките и граѓаните. Нема зошто гласачите сами да ја вршат работата на институциите, а притоа да бидат шетани од една врата до друга и на крајот, пак да не се реши проблемот!“ се вели во соопштението на „Цивил“.

Левица поднесе иницијатива пред Уставниот суд за поништување на собраниската одлука за референдумот

Проверката на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот ќе трае до 23 август

Јавна седница на ДИК за прашања поврзани со референдумот

Изгласана Одлуката за референдум за консултирање на граѓаните

Предлог-одлуката за референдум за консултирање на граѓаните поднесена од група пратеници

Процедурите во Договорот со Грција кои се однесуваат и на зачленувањето на Македонија во НАТО

Дескоска: Со Законот за референдум не може да се менува цензусот за референдум бидејќи цензусот е уставна категорија

Претседателот Иванов донесе одлука да не го потпише указот за Законот за ратификација на договорот со Грција

Сè уште нема конечна одлука дали ќе се менува Законот за референдум, вели министерката за правда

Што се предвидува во Договорот со Грција за употребата на придавките во однос на „јавните институции и приватните ентитети“

Собранието го ратификуваше договорот со Грција

Предлог-законот за ратификација на договорот со Грција во собраниска процедура по скратена постапка

Владата ќе го достави Предлог-законот за ратификација на договорот со Република Грција

Предвидените внатрешни правни постапки во потпишаниот договор со Грција потребни за негово влегување во сила

Владата го објави текстот на договорот со Грција 

М.В