/ Прочитано:

1.775

Соопштение на Државниот завод за статистика за трошоците на живот

„Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на живот во декември 2017 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.1, а индексот на цените на мало 100.4.

Во 2017 година, во однос на 2016 година, индексот на трошоците на живот бележи пораст од 1.4%, а индексот на цените на мало бележи пораст од 3.2%. Движењето на индексот на трошоците на живот во 2017 година беше различно по одделни групи на потрошувачка.

Пораст на индексите е забележан во групите: Комуникации за 8.5%, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 6.3%, Транспорт за 5.5%, Ресторани и хотели за 3.8%, Облека и обувки, Рекреација и култура за 1.0%, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнината за 0.5%, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.3%.

Намалување на индексот е забележано во групите: Здравје и Останати стоки и услуги за 0.6%, Образование за 0.3%, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.2%. Движењето на индексот на цените на мало во 2017 година, исто така, беше различно по одделни групи на производи“, се вели во соопштението.