/ Прочитано:

1.237

Соопштение на Владата во врска со првата јавна дискусија за нацрт- амандманите за уставни измени

Во Владата на Република Македонија се одржа првата од серијата дебати во рамките на јавната дискусија за нацрт-амандманите за уставни измени.

„Во своето обраќање на дебатата во Владата, на која учествуваа претставници на академската и експертската јавност, како и претставници од граѓанскиот сектор, премиерот Заев истакна дека и овој процес, од посебен интерес за иднината за нашата земја, се спроведува и организираме со максимална инклузивност и подготвеност за прифаќање на секое разумно и рационално дополнување и усовршување во духот на Договорот од Преспа.

Потоа премиерот Заев се задржа на текстовите на досега усвоените четири нацрт амандмани низ собранискиот процес и со посебно внимание се задржа на најважните најконструктивни предлози што дојдоа од пратениците во Собранието на Република Македонија.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Заев издвои дел од тие предлози и сугестии како што се прашањето дали како уставно решение да се набројат сите одлуки од Првото заседание на АСНОМ, како правни решенија на кои се темели на нашата државност, или пак да бидат собрани во еден уставно-правен израз како конститутивни документи на нашата државност.

Како предлог за кој треба да се размислува, премиерот Заев го спомена и предлогот од собраниската говорница со кој се предлага да се наведе дека Република Македонија освен за грижата за македонскиот народ во дијаспората, се грижи и за дијаспората на другите етнички заедници“, се вели во соопштението на Владата.

Во продолжение на дебатата, збор зедоа професорите на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје д-р Љубомир Фрчкоски и д-р Владо Поповски.

„Професорот Фрчкоски на почетокот од своето експозе истакна дека предложените уставни измени се од интерес на граѓаните и дека не го загрозуваат граѓанскиот концепт на Уставот на Република Македонија.

Исто така, според Фрчкоски, предложените уставни измени и амандмани се прифатливи и од аспект на идентитетските одредници утврдени во Уставот, и дека сите предложени решенија се во рамките на уставно-правниот јазик.

Професорот Фрчкоски потоа се задржа на дел од предложените нацрт амандмани и укажа на можностите во кои делови тие можат да бидат допрецизирани или изменети.

Во своето обраќање на оваа јавна дискусија за уставните измени во Владата на Република Македонија, професорот Владо Поповски истакна дека дебатата создава добра основа за креирање и имплементирање на најдобрите решенија за утврдување на конечните амандмани и дека е исклучително значаен придонес за основната цела заради која се носат уставните измени.

Тој нагласи дека ќе се задржи на преамбулата на Уставот како исходиште за државноста и нејзините специфики, и како историско политичка традиција врз основа на кои се гради духот на овој највисок државен конститутивен правен и политички акт, понуди текст за преамбулата која, според него, ги прецизира новите измени и го одразува духот на новата реалност произлезена со Договорот од Преспа.

Во дебатата што продолжи потоа зедоа учество голем број учесници кои се осврнаа на повеќе различни аспекти на целиот процес, како и на одделните нацрт амандмани со конструктивни забелешки и предлози.

Доминираа ставовите дека нацрт амандманите за уставните измени се добра основа целиот процес, со вклучените сугестии, да се заокружи во Собранието на Република Македонија, и дека постојано предвид треба да се има основната цел заради која се покрена решавањето на долгогодишниот спор со Грција – имплементација на Договорот со Грција со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО“, се додава во соопштението на Владата.

На денешната втора дискусија за уставните измени ќе говорат проф. д-р Нано Ружин и универзитетскиот професор д-р Темелко Ристевски. Дискусијата ќе ја отвори и ќе ја воведе професорката Сејдефа Џафче.

Јавни дискусии на Владата за измените на Уставот

Јавна расправа и почеток на третата фаза за изгласаните нацрт-амандмани на Уставот

Нацрт-амандманите на Уставот пред Комисијата за уставни прашања

Според нацрт-амандманите, зборот „Македонија“ останува во членот 36 од Уставот

Деловникот на Собранието на РМ во врска со нацрт-амандманите на Уставот

Собранието донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот

Предлогот за уставни измени на собраниска седница – објавен извештајот од Комисијата за уставни прашања

Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на седница на Комисијата за уставни прашања

Деловникот на Собранието на РМ во врска со Предлогот за пристапување кон измена на Уставот

Што содржи Предлогот на Владата до Собранието на РМ за пристапување кон измени на Уставот

Предлогот за пристапување кон измени на Уставот на вонредна седница на Владата

М.В