/Прочитано:

690

Соопштение на Врховниот суд за одржување седница по повод иницијативите во врска со истрагите на СЈО

„Jа информираме јавноста дека согласно член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл. весник на РМ бр. 83/18), Врховниот суд на Република Македонија, меѓу другото, има обврска на општа седница да разгледува иницијативи и на адвокати за утврдување начелни ставови и начелни правни мислења.

Врховниот суд на Република Македонија ќе одржи општа седница на 30.01.2019 година. Помеѓу другото, на дневниот ред ставена е точка за разгледување на иницијативи на адвокатите Боро Тасевски и Еленко Миланов за донесување на определено начелно правно мислење за правилна примена на закон.

Во Врховниот суд на Република Македонија примени се и други иницијативи, кои дополнително ќе бидат разгледани на општата седница на Врховниот суд на Република Македонија“, се вели во соопштението на Врховниот суд.

Според информациите, адвокатите поднеле иницијативи во врска со прашањето дали Специјалното јавно обвинителство може да отвора истраги и да поведува обвиненија со оглед на тоа што во членот 22 од Законот за СЈО е определено дека Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство, може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност.

М.В