/ Прочитано:

3.890

Совети од американски адвокат: Како адвокатот да остави позитивен впечаток во своето работење

Личниот впечаток што ќе го оставите пред друг, без разлика дали е клиент, колега или судија, е важен во вашето лично надградување, пред сѐ, како човек, а истовремено и како професионалец. Според адвокатот Гери Рос, кој пред неколку години бил вклучен во администрацијата на САД, пред сѐ, треба да бидете во добра форма и правилно да ги распоредите работното време, времето за рекреација и одмор. Доколку се случува постојано да работите повеќе од редовното работно време, 60-80 работни часови неделно, тогаш дефинитивно треба нешто да промените во вашите навики. Затоа што со таков притисок на долгорочен план може да создадете само проблеми.

Без разлика дали се работи за адвокатура во мала или голема адвокатска канцеларија, или за правни и консултантски услуги, постојат нешта што се важни и на кои адвокатите и правниците секојдневно треба да обрнуваат внимание.

Личниот впечаток што ќе го оставите пред друг, без разлика дали е клиент, колега или судија, е важен во вашето лично надградување, пред сѐ, како човек, а истовремено и како професионалец.

Најпрвин, треба да бидете во добра форма и правилно да ги распоредите работното време, времето за рекреација и одмор. Според адвокатот Гери Рос, кој пред неколку години бил вклучен во администрацијата на САД, доколку се случува постојано да работите повеќе од редовното работно време, 60-80 работни часови неделно, тогаш дефинитивно треба нешто да промените во вашите навики. Затоа што со таков притисок на долгорочен план може да создадете само проблеми.

Размислувајте за позитивни работи. Меморизирајте мотивациски пораки кои ќе ги намените за себе. Верувајте дека навремено и ефикасно ќе ги извршите зададените задачи. Во прилог на тоа, Рос истражувал дека реченицата „Јас сум господар на универзумот“ имала најголемо влијание кај личноста, во однос на самодовербата и сигурноста.

Изгледот нека ве претставува како сериозна, а не како намуртена личност. Никогаш не опседнувајте го умот со негативни или песимистички мисли дека во нешто нема да успеете, дека рочиштето ќе помине лошо за вашиот предмет и сл.

Во текстот што адвокатот Рос го објавил на сајтот abovethelaw.com, тој вели дека пеењето во себе или повторувањето на некои омилени стихови од песни го подобрува вашето расположение и прави да изгледате подобро за околината. Ширењето позитивни мисли ќе направи и другите околу вас да се чувствуваат добро. Така на пр. доколку сте позитивно расположени и во канцеларијата и во судот, тоа ќе го пренесете и врз вашите колеги или вработени.

Од сето ова може да се заклучи дека како и во животот така и во работата, човек најчесто самиот е виновен за својот неуспех или заслужен за својот успех. Затоа треба да се настојува да се остане што е можно повеќе позитивен, расположен и со пријателски однос спрема другите, бидејќи негативниот став може да предизвика само уште поголем неуспех.

С. М.