/Прочитано:

899

Совети од американски експерт по маркетинг за поголема ефикасност и продуктивност на адвокатските фирми

Лин Луонг е маркетинг менаџер на компанијата „Смоукбол“, со седиште во Чикаго во САД, чија главна дејност е давање менаџерски совети за зголемување на ефикасноста и продуктивноста на самостојните адвокати и адвокатските фирми. Од своето лично искуство, Луонг предлага неколку практични совети за претприемачите и адвокатите кои водат своја канцеларија. Таа укажува на тоа дека откако ќе се привлечат одреден број клиенти, потребно е да се воспостави професионален однос со нив, во смисла на квалитетно завршување на предметите, брзи и стручни информации и на крајот, точна и навремена фактура за наплата.

Главната цел на секој бизнис, според нормалниот тек на нештата, е неговиот раст и развој. Целта на малото дуќанче е да прерасне во маркет, фудбалскиот клуб од четврта би сакал да се пласира во прва лига, а секоја мала, нова адвокатска канцеларија, со текот на времето, би сакала да се позиционира на самиот професионален врв, преку вложување во интелектуалните капацитети на вработените и преку доброто менаџирање на компанијата.

Лин Луонг е маркетинг менаџер на компанијата „Смоукбол“, со седиште во Чикаго во САД, чија главна дејност е давање менаџерски совети за зголемување на ефикасноста и продуктивноста на самостојните адвокати и адвокатските фирми. Од своето лично искуство, Луонг предлага неколку практични совети за претприемачите и адвокатите кои водат своја канцеларија.

Таа советува дека најпрво треба да се раздвои личниот од професионалниот живот, а исто така, би било добро посебно да се менаџира финансискиот дел.

„Профитот на бизнисот не треба да се поистоветува со личниот профит. Особено треба да се прави разлика помеѓу претприемачот како единка наспрема неговиот бизнис, односно адвокатот како индивидуа наспроти неговата канцеларија“, појаснува Луонг.

Адвокатот во текот на работното време дава адвокатски или консултантски услуги, при што треба да биде апсолутно посветен и низ практика да ја усовршува професијата. Адвокатот што допрва се пробива на пазарот, започнувајќи со оваа професија, на овој начин ќе научи да привлекува поголем број клиенти и ќе напредува во работата.

Луонг укажува на тоа дека откако ќе се привлечат одреден број клиенти, потребно е да се воспостави професионален однос со нив, во смисла на квалитетно завршување на предметите, брзи и стручни информации и на крајот, точна и навремена фактура за наплата.

„Е-поштата што ја употребувате во работата, во секој случај, треба да биде различна од онаа што ја користите приватно, а исто така, препорачливо е да направите архивска папка каде што ќе ги чувате предметите и електронските пораки. Воопшто, треба да бидете секогаш во тек со новите технологии, софтвери и апликации, со цел лично да си помогнете и да си олесните во работењето. Тука не смее да се заборави и на вработените во канцеларијата, бидејќи најголем дел од нив се помотивирани доколку во фирмата има позитивно однесување и нормален однос. Тие се вашиот двигател во работата, без разлика дали се стручни соработници или приправници. Доколку редовно ги поттикнувате преку разни бонуси за добро завршена работа, периодично зголемување на платата, организирање забави и тимбилдинг, тие ќе останат посветени на работата и ќе имаат поголема желба за личен развој, напредок и  раст на компанијата или адвокатската канцеларија“, советува Луонг.

С. М.