/ Прочитано:

1.024

СОВЕТОТ НА ЕВРОПА: Сегрегацијата во училиште е една од најлошите форми на дискриминација

Сегрегацијата во училиште е „една од најлошите форми на дискриминација“ во Европа, се наведува во објавениот извештај на Советот на Европа.

Комесарот на Советот на Европа одговорен за заштита на човековите права, Нилс Мужниекс, изјави дека сегрегацијата во училиште им пречи на многу деца во иднина да си најдат соодветна работа и да добиваат пристојна плата.

„Деца што се физички малтретирани, деца на мигранти и бегалци, деца што се отстранети од образовниот систем – сите тие се жртви на таа сегрегација“ – нагласи Мужниекс.

Тој препорачува 12 мерки, кои настојува да бидат наложени со закон, вклучувајќи и тоа да им се забрани на образовните институции да ги селектираат учениците преку тестови. Според него, најдобрите наставници треба да бидат испратени да предаваат во „најтешките“ училишта, вклучувајќи ги сиромашните квартови.

Мужниекс упати критики до родителите кои сакаат да ги запишат своите деца во училишта каде што нема нивни врсници од малцинските групи или деца на мигранти.