/ Прочитано:

1.758

Според претседателот на Врховниот суд, законските одредби за СЈО се јасни

 

„Доколку има барање за носење на начелно правно мислење, Врховниот суд мора да постапи по тоа барање. Законот е јасен, рокот на СЈО е истечен, а начелно правното мислење е задолжително за Врховниот суд и ако дојде до жалба од странката до Врховниот суд, тој ќе мора да ја укине пресудата заради донесеното мислење“, смета претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, во правното мислење што го донесе Врховниот суд на општа седница и кое се однесува на истрагите на СЈО.

Во Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во главата „Краен рок за покренување на обвинение“ и членот 22 се пропишува дека:

„Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство, може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност.“

„Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност, како кумулативен услов, кој не може да биде пречекорен сметано од денот на прием на материјалите од неовластено следење на комуникации од член 2 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, и по истекот на тој рок од 18 месеци, не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија, предвидени со Законот за кривичната постапка“, се вели во правното мислење на Врховниот суд.

Кривичниот суд во целост го објави дописот до јавниот обвинител на РМ за постапувањето со предметите на СЈО

Кривичниот суд: Јавниот обвинител да се произнесе за постапувањето во предметите на СЈО

Постапката за барање автентично толкување во Деловникот на Собранието на РМ

ВРХОВЕН СУД: По истекот на рокот од 18 месеци, СЈО не е овластен тужител за предистражни и истражни дејствија

Врховниот суд треба да одржи општа седница по повод иницијативите во врска со истрагите на СЈО

Соопштение на Врховниот суд за одржување седница по повод иницијативите во врска со истрагите на СЈО

М.В