/ Прочитано:

1.319

Стапува во примена Одлуката во врска со реалните трошоци на Дирекцијата за заштита на личните податоци за спроведување обуки

Денеска, 1 февруари 2018 година, стапува во примена Одлуката за определување на висината на трошоци за вршење обука на заинтересирани контролори и обработувачи.

Со оваа одлука се определува висината на реалните трошоци на Дирекцијата за заштита на личните податоци за спроведување обуки на заинтересирани контролори и обработувачи.

Висината на трошоците за спроведување обуки на контролори и обработувачи се определува во зависност од видот на обуките и модулите за кои се заинтересирани, во согласност со годишната програма за обуки на контролори и обработувачи на Дирекцијата за заштита на личните податоци. Истовремено, на 1 февруари престанува да важи старата Одлука за определување на висината на трошоците за вршење обуки на контролори и обработувачи.

Врз основа на членот 41 ставот 3 од Законот за заштита на личните податоци, Одлуката за определување на висината на трошоци за вршење обука на заинтересирани контролори и обработувачи ја донесува директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци.