/ Прочитано:

1.132

СТАТИСТИКА: Издадени одобренија за градење

Државниот завод за статистика објави соопштение за издадените одобренија за градење.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2017 се издадени 259 одобренија за градење,  што е за 13.6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.585 751 денар што е за 18.8% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 159 (61.4%) се наменети за објекти од високоградба, 50 (19.3%) за објекти од нискоградба и 50 (19.3%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 259 објекти, на 154 (59.5%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 105 (40.5%) објекти, инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 919 станови со вкупна корисна површина од 70 571 м2.

M.В