/ Прочитано:

1.699

Статистика: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, изнесува 101,7.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (9,8 %), Преработувачка индустрија (9,3 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (8,9 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (13,7 %), Стручни, научни и технички дејности (10,6 %) и Преработувачка индустрија (10,3 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2017 година, изнесува 23 850 денари. Во декември 2017 година, 1,2 % од вработените во Република Македонија не зеле плата.