Стипендии од програмата „Фулбрајт“ за постдокторски студии за академската 2019 – 2020 година
Министерството за образование и наука информира дека e во тек конкурсот за учество во студентската програма „Фулбрајт“, наменет за постдокторски студии во Соединетите Американски Држави, за академската 2019 – 2020 година.
Сите подетални информации во врска со процесот на пријавување и фазите на селекција во оваа заедничка студентска програма на владите на САД и Република Македонија се достапни на https://mk.usembassy.gov и www.mon.gov.mk.
Формуларот за аплицирање може да се преземе од следниот линк:
https://iie.embark.com/apply/visitingscholars или
https://foreign.fulbrightonline.org/.
Крајниот рок за пријавување е 1 ноември 2018 година.