/ Прочитано:

963

Студентски митинг под мотото „Не биди медиумска мета“

Денеска на платото на УКИМ се одржува студентски митинг под мотото „Не биди медиумска мета“, во рамките на одбележувањето на Европската недела на медиумска писменост.

Настанот е во рамките на проектот „Не биди медиумска мета“, во имплементација на Македонскиот институт за европски студии (МИЕС), кој е дел од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и Евротинк – Центар за европски стратегии, а финансиран од Европската Унија.

На овој настан  говореа студентите, чии пораки беа: „Не биди мета“, „Јас имам свој идентитет“, „Доста со дезинформации“, „Доста со манипулации“, „Јас не сум вмрежен“, „Студентите се авангарда“.

Студентите испратија пораки против пропагандата, агресивното потрошувачко општество, отуѓувањето, рекламното тероризирање, жртвите на видеоигрите, лажните вести, агресивниот маркетинг, медиумскиот хаос во Република Македонија.

Митингот има за цел да испрати порака до релевантните инстанции во државата со цел забрзано да се имплементира концептот медиумска и дигитална писменост во конвенционалното образование.

M.В