/ Прочитано:

1.737

СУДЕЊЕ „Метастаза“: До читањето на пресудата остана уште малку

Вторник, 3 јули 2012Обвинетите ги дадоа целосно своите завршни зборови. Кругот го затворија дел од докторите и оние обвинети кои според обвинителството биле посредници при издавање на инвалидски пензии. Тврдат дека се невини.  Првообвинетиот Сашо Јосимовски ја расчисти дилемата зошто бил отсутен на минатото рочиште, како што вели дознал дека нема услови за одржување на главна расправа и си заминал. На следното рочиште, судот треба да се произнесе по предложени докази од страна на бранителите и да закаже термин за пресуда.

Според обвинението по предметот за случајот Метастаза“, доктори и службеници од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) и нивни посредници, за пари им посредувале на барателите на пензии да се стекнат со правото на користење на инвалидска пензија. Членовите на лекарските комисии и посредниците наводно барале од 1500 до 4000 евра. За секој барател сумата била различна во зависност од тоа каква документација треба да се извади. Групата дејствувала 2 години, а докторите и посредниците наводно заработиле 165.000 евра и го оштетиле Фондот на ПИОМ за 53.000 евра.

 >> Предметот за случајот „Метастаза“ проследете го тука.


Тек на рочиштето

11:45 –  На следниот главен претрес закажан за 13.07.2012 г. во 10 часот, судот ќе се произнесе по овие предлози.

11:43 – Јавниот обвинител се произнесе дека не се противи на изведувањето на нови докази, поднесени на страна на дел од бранителите. Овие предлози се однесуваат на парите  и медицинската документација кои се најдени кај дел од обвинетите.

11:40 – Обвинетата Славица Милошевиќ остана на завршниот збор на своите бранител.

11:26 – Според обвинетиот Александар Адемов обвинителството нема доказ дека сторил кривично дело. „При претресот во мојот дом не беше најдено ништо. Уште не бев влезен кај истражен судија, а медиумите веќе имаа приказна. Нема никако доказ дека сум сторил кривично дело, наведе Адемов.

11:25 Обвинетата Сафета Заховиќ остана на завршниот збор на својот бранител.

11:23 – Обвинетиот Звонко Алтановски, остана на завршните зборови на своите бранители, но додаде дека 3 години му требале да ја добие медицинската документација.

11: 20 – Обвинетите Дивна Трпевска и Ристе Велковски останаа на завршните зборови на своите бранители

11:16 – Обвинетиот Миливоj Арсовски  кој инаку е татко на поранешната жена на првообвинетиот Јосимовски, негираше дека е сторител на кривично дело. „Не сум злосторник ниту припаѓам на злосторничко здружување, обвинителство не докажа дека постои криминал, доказ дека сум сторил кривично дело нема, рече Арсовски

11:15 – Обвинетиот Милан Зафировски остана на завршниот збор на неговиот бранител.

11:12 – 30-то обвинетата Валентина Димовска, остана на завршните зборови на нејзиниот бранител и додаде дека не сторилa сторила кривично дело, односно дека се што работела било во рамките на нејзните  работни задачи.

11:10 – Обвинетите Иван Трендафилов и Драко Бакрачевски останаа во целост на завршните зборови на нивните бранители.

11:05 – Рочиштето го отвори 27-мо обвинетиот Едип Шејн. Шејн остана на завршните зборови на неговиот бранител. „25 години искрено и чесно ја вршам мојата работа, ја сакам мојата професија. Во средината во која живеам сите ме препознаваат како чесен и хуман човек, не припаѓам на злосторничко здружување, до сега не сум сторил ниту обичен прекршок, а не па кривично дело, додаде тој.

11:03 – Старт на рочиштето. На почетокот од главната расправа, судијата Ѓоко Ристов побара од првообвинетиот Сашо Јосимовски да го оправда отсуството од минатото рочипште. На ова Јосимовски одговори дека не се појавил на рочиште бидејќи дознал дека законските претпоставки за одржување на главна расправа не се исполнети.