/Прочитано:

4.654

Инфо за предметот

Надлежен суд: Основен суд Скопје 1

Бр. на предмет: Калдрма

Судија: Ѓоко Ристов (претседавач), судија Владимир Панчевски

Обвинител: Златко Биковски

Обвинети:

  • Ирфан Идризи
  • Бобан Попкрстевски
  • Александар Марковски
  • Христос Поповски
  • Афдиљехат Хамиди
  • Рабит Дибрани
  • Драгиша Калемџиевски
  • Тони Јовановски
  • Елмаз Елмази
  • Зоран Велковски
  • Љубиша Величковски
  • Александар Аргировски
  • Оливер Велиновски
  • Дејан Митев
  • Менка Славевска
  • Игор Ристовски
  • Моме Петковски
  • Горанчо Трајчевски
  • Селман Белули
  • Марјан Јованов
  • Горан Митровски
  • Зоран Илиевски
  • Зоран Арсовски
  • Владимир Дуковски
  • Горан Спасовски
  • Атанас Деловски
  • Лоренс Марков
  • Дарко Димков
  • Иван Крстевски
  • Јордан Калаузаров
  • Ѓорѓиче Ристовски
  • Димче Јовев
  • Кирил Симоновски
  • Беким Мамути
  • Никола Конев
  • Горанчо Глушков
  • Зоран Тодоровски
  • Фејзи Шаини
  • Илија Митев
  • Марјан Алексовски
  • Андреја Петровски
  • Зорица Јанчев
  • Леонид Пеев
  • Тони Ристов
  • Маргарите Трифунова
  • Лазар Џунов
  • Роберт Лембов
  • Стојан Тасев
  • Богомил Попарсов
  • Тони Чамински
  • Нусрет Реџепов
  • Зоран Митевски
  • Витомир Димовски
  • Неџати Пајазати
  • Бранко Давитковски
  • Арбен Селмани
  • Нухи Кадрија
  • Тони Јакимовски
  • Џaбир Асани
  • Лидија Лазова
  • Дејан Анѓелковски
  • Александар Тодоров
  • Фуркан Бајрами
  • Борче Илиоски
  • Селвер Кадриев
  • Марјан Гоцевски
  • Маријанчо Станоев
  • Љупчо Николовски
  • Владе Стојчевски
  • Игор Милојевиќ
  • Мики Величковски
  • Сашко Упалев
  • Горан Трајковиќ
  • Екрем Ислами
  • Глигор Чатмов
  • Ордан Ѓоргиев
  • Миле Димов
  • Миле Илиевски
  • Љупче Стојанов
  • Махиј Хунељи
  • Милен Петрески
  • Љуан Адеми
  • Васко Џонов
  • Севим Биљаљи
  • Муамед Авдуљи
  • Ружица Петреска

„Калдрма“

Судскиот процес за случајот „Калдрма“ заврши со правоосилна пресуда според која вкупно 86 обвинети беа осудени на близу три и пол века затвор. Според пресудата од сведоците, обвинетите кои признаа, изведените докази прибавени од посебни истражни мерки и вештачењето, се утврдло дека сите обвинети се виновни. Во обемното обвинение од неколку стотици страници опишани се дејствијата на вработените во ЈП „Македонија пат“. Поконкретно истиот зборува за фалсификувани фискални сметки и организиран план што обвинетите 3 и пол години го спроведувале  на 6 патарини од Коридор 10, од Куманово, па се до Гевгелија. Меѓу 86-те обвинети се и двајцата функционери од Македонија пат кои според Обвинителството се главните лидери во организираниот криминал. 

Прво сведоци во „Змиско око 1“, сега обвинети

Шефот и неговиот заменик, 10 сменоводители, изработувачот на фалсификуваните сметки како и 80 инкасанти се осудени за тешки кривични дела, злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од КЗ и фалсификување исправа од чл.378 од КЗ. Меѓу осудените има и поранешни сведоци на обвинителството, кои сведочеа против своите колеги во судскиот процес за акцијата „Змиско око 1“. Заменик раководителот и неговиот кумашин кои пред неколку години ги пријавиле колегите за незаконско работење во МВР, во овој предмет тие одговараат за истите кривични дела, злосторничко здружување, фалсификување исправа, злоупотреба на службена положба и овластување.

Обвинителството: Неколку организатори и 80 припадници на злосторничка група

Според обвинението, раководителот, неговиот заменик и 5 инкасанти создале група, на којашто и се приклучиле останатите 80 обвинети. Изработувачот на лажните фискални сметки кој според неговиот исказ, бил во директен контакт со вработено лице во ЈП „Македонија пат“, по нарачка изработувал фискални сметки за 6 патарини од Коридорот 10. Раководителот и неговиот заменик, го изработувале распоредот и ги распоредувале инкасантите на наплатните рампи. За фреквентните патарини, според обвинението, цената за наводното мито изнесувала од 2000 до 5000 евра.

Понатаму, според обвинителниот акт, организаторите имале 15 соработници кои работеле како инкасанти, а имале задача да врбуваат луѓе за да станат припадници на групата.Обвинителството објаснува дека  на тој начин плетеле мрежа од блиски луѓе кои соработуваат и стекнуваат против правна корист давајќи лажни сметки, а парите ги ставале в џеб. Потоа на главните организатори им давале дел од заработувачката.

Тек на судењето