/Прочитано:

4.799

Инфо за предметот

Надлежен суд: Основен суд Скопје 1

Бр. на предмет: КОК бр. 25/13

СУДЕЊЕ

Почеток: 5 август 2013г.

Судија: Ивица Стефановски

Обвинител: Деса Пауновска

Обвинети:

  • Ангел Пецов - затворска казна од 9 години
  • Мариче Пецова - затворска казна од 7 години
  • Љупчо Пецов - затворска казна од 9 години
  • Љупчо Темов - затворска казна од 7 години и 6 месеци
  • Маријан Пецов- затворска казна од 5 години
  • Митко Делков - затворска казна од 4 години и 2 месеци
  • Александар Ангелов - затворска казна од 4 години и 2 месеци
  • Горан Јанев - затворска казна од 3 години и 6 месеци
  • Ѓорѓи Стоев - затворска казна од 4 години и 2 месеци
  • Александар Велјановски - затворска казна од 4 години и 4 месеци
  • Есат Сејдији - затворска казна од 3 години
  • Мухарем Хоти - затворска казна од 3 години
  • Љупчо Алексовски - затворска казна од 1 година и 4 месеци
  • Драган Ѓиновски - затворска казна од 2 години
  • Славчо Милошески - затворска казна од 2 години
  • Љупчо Трпевски - условна казна од 2 години, доколку во наредните 5 години не го повтори делото

„Керозин“

Случајот Керозин заврши со затворски казни речиси за сите обвинети. Апелациониот суд Скопје  во април 2015 година генерално ја потврди првостепената пресуда, единствено преиначувајќи ја во делот на кривичната санкција за дел од осудените. Шеснаесетмината обвинети беа осудени под обвинение дека како злосторничка група преку неготинската фирма „Алма комерц“ точеле помало количество нафта отколку предвиденото со договорите за јавни набавки и со тоа го оштетиле Буџетот на РМ за речиси 3 милиони евра. Највисоки затворски казни им беа изречени на сопствениците на „Алма Комерц“ – семејството Пецови. 

Со првостепената пресуда, првообвинетиот Ангел Пецов доби казна затвор од 12 години, неговата сопруга Мариче Пецова 11 години затвор, додека на нивниот син Љупчо Пецов му беше изречена 9-годишна затворска казна. Со пресудата на Апелација, на Ангел Пецов затворската казна му беше намалена  на 9 години, додека на Мариче Пецова – на 7 години. Тие се осудени за делата злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластување, затајување данок и давање поткуп.

Сопствениците на фирмите кои ги помагале наводните финансиски малверзации на „Алма-комерц“, испорачателите на нафтата – возачите на цистерните, но и вработени во оштетените иституции – котлари, домари и сл., пак, беа осудени на затворски казни  кои се движат од седум и пол години затвор до условна за шеснесетообвинетиот кој се бранеше од слобода (вработен во една од оштетените институции). Казна затвор од две години доби и единствениот обвинет кој ја призна вината – Славчо Милошевски.

Измамата, според Обвинителство, била направена на начин што за испорака на нафтата до оштетените институции се користеле идентични цистерни на кои им биле заменувани табличките, односно оние со нафтата која требала да биде испорачана се заменувале со други, кои имале помалку нафта од предвиденото со договорите за јавни набавки.

Според МВР,  „Алма Комерц“ на овој начин успела да заштеди три илјади тони гориво, а со тоа да го оштети Буџетот за речиси два и пол милиони евра. За да го продадат неиспорачаното гориво, „Алма комерц“ соработувале со фирми од Косово и Бугарија кои им издавале фиктивни фактури за испорака на гориво. Дополнителна штета на Буџетот е направена преку даночните малверзации. На ист начин, како што наведуваат од полицијата, биле вршени измамите и со набавка на мазут. За една година, компанијата наводно сокрила  и 225 тони мазут и го оштетила Буџетот за дополнителни 165 илјади евра.

Се калкулира со бројка од 160 оштетени јавни институции, меѓу кои Владата, Царинската управа, УЈП, министерства, општини, здравствени установи, градинки. 

Со пресудата на Апелација беше потврдена е и конфискација на имотот од првообвинетите во вредност од околу три милиони евра.

Тек на судењето