/Прочитано:

2.738

Инфо за предметот

Надлежен суд: Основен суд Скопје 1

Бр. на предмет: КОК бр. 27/16

СУДЕЊЕ

Почеток: 27 април 2016 г.

Судија: Ѓоко Ристов (претседавач)

Обвинител: Владимир Милошевски

Обвинети:

  • Иса Фуга
  • Абдула Абдулахи
  • Ерол Рустеми
  • Имери Мухамед
  • Стефан Стефановски

„Ќелија“

Процесот за случајот „Ќелија“ се води против петмина обвинети за учество во странска војска. Иса Фуга, Абдула Абдулахи, Ерол Рустеми, Имери Мухамед и Стефан Стефановски се товарат за сторено кривично дело учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации според членот 322-а во однос на неколку става од Кривичниот законик.

Обвинителот од Обвинителството за организиран криминал и корупција, Владимир Милошевски, при презентирање на обвинителниот акт, кој се однесува на пет обвинети, откако шестмина ја признаа вината, наведе дека се прибрани докази кои секој одделно и во нивната целост укажуваат дека обвинетите презеле дејства на извршување на кривичното дело.

„Кривичните дела се докажани од прибраните материјални докази и од доказите обезбедени преку посебни истражни мерки и преку анализа на средствата за електронска комуникација кои ги користеле обвинетите. Од нив се забележува меѓусебна комуникација, но и комуникација со трети лица кои се наоѓаат на воените жаришта и кои се дел од паравоени формации, како и со лица кои дејствувале како поддршка за превоз до воените жаришта и вклучување на лица во воени дејствија“, наведе Милошевски.

Судење за случај „Ќелија“

Обвинителот потенцираше дека Обвинителството, освен со докази за учество на обвинетите во паравоени формации, располага и со докази кои го докажуваат делото од став 1, односно дека обвинетите лица биле вклучени во организирање превоз, опремување, обучување или на друг начин помагање на лицата кои ќе заминат на воените жаришта.

„Доказите укажуваат на давање на материјално-финансиски средства, кои биле наменети за логистика и полесен трансфер до странската земја“, рече Милошевски.

Покрај тоа, Обвинителството располага и со докази прибрани од социјалните мрежи, обезбедени од запленетите компјутери, од кои се покажува дека обвинетите прикачувале аудио- и видеозаписи и фотографии директно од воените жаришта.

По спогодбата за вина, на шестмина обвинети им беа определени следниве казни: оџата Реџеп Мемиши кој е осомничен за делото учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации, според членот 322-а, став 1, беше осуден на казна затвор во траење од седум години; на Ахмет Дарлишта, кој се товари за истото дело, но по три става од членот 322-а, му беше определена казна затвор од 5,5 години, додека на Фазли Суља, на Сејфула Едемовски, на Шеху Мухамед и на Ресуљ Саити, кои се осомничени по два става од членот 322-а за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации, им беше определена единствена казна затвор во траење од 5 години.

Тек на рочиштата