/Прочитано:

562

Кривичниот суд за пресудата во предметот „Тифани“

„Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска ја објави пресудата во предметот К. бр. 144/18 оформен по обвинителен акт поднесен од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ), означен како „Тифани“, со која обвинетата И. Т. врз основа на признание на вина се огласува за виновна,  и ѝ се определува алтернативна мерка – Условна осуда во траење од 2 години затвор, која нема да се реализира доколку во следните 4 години не стори ново кривично дело, воедно ѝ се определува парична казна во износ од 1.000 евра во денарска противвредност и се задолжува да ја надомести штетата од 1.671.611 денари за затаениот персонален данок, како и 1.145.979 денари за правното лице „С. – Ц дооел С.“ кое престанало да постои во 2013 година. Воедно, на правното лице „С. – Г. Дооел С.“, опфатено во обвинението, му се изрекува парична казна од 200.000 денари,  а во согласност со членот 100 од КЗ се конфискува имотната корист од кривичното дело на правното лице „С. – Г. дооел С.“ во износ од 1.038.698 денари. Против оваа пресуда странките имаат право на жалба од 15 дена за физичкото лице и 8 дена за правното лице опфатени во обвинението“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

М.В