/Прочитано:

856

Пресуда за Гордана Јанкулоска во предметот „Тенк“

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во предметот „Тенк“ е осудена на шест години затвор. При набавката на службениот „мерцедес“ за поранешниот премиер, Никола Груевски, Јанкулоска ја злоупотребила службената положба и овластувања при што била нарушена и тендерската постапка бидејќи бил фаворизиран еден економски оператор.

На поранешната министерка ѝ се судеше одвоено откако се породи. Денешната пресуда за Јанкулоска ја изрече судијката Добрила Кацарска.

Претходно, Кривичниот суд во предметот за набавката на владиниот „мерцедес“, вреден 600 илјади евра, го осуди првообвинетиот Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор, а второобвинетиот Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото на две години затвор.

Апелациониот суд во целост ја потврди првостепената пресуда за Никола Груевски, а делумно ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски.

Соопштение на Апелациониот суд: Во целост потврдена првостепената пресуда за Никола Груевски

Јавна седница на Апелацискиот суд за жалбата на Груевски кој вели дека не го суди судот, туку политиката

Пресуда за случајот „Тенк“