/Прочитано:

2.795

Пресуди за обвинетите во случајот „Дива населба

Седуммина од обвинетите се осудени на казна доживотен затвор, 13 добија по 40 години затвор, шестмина по 20 години, двајца по 14 години затвор. Еден е осуден на 18 години затвор, тројца на 13 и еден на 12 години затвор. Четворица добија ослободителни пресуди.

Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска донесе пресуда за 37-те обвинети во случајот „Дива населба“. 33 се прогласени за виновни, а четворица добија ослободителни пресуди.

Седуммина од обвинетите се осудени на казна доживотен затвор, 13 добија по 40 години затвор, шестмина по 20 години, двајца по 14 години затвор. Еден е осуден на 18 години затвор, тројца на 13 и еден на 12 години затвор.

Обвинителството побара доживотен затвор за сите 37 обвинети за тероризам и терористичка организација. Адвокатите на обвинетите, пак, бараат ослободителни пресуди, бидејќи според нив има недостаток на докази за стореното кривично дело.

Инаку, овој процес започна на 9 февруари 2016 година против лицата од таканаречената Кумановска група. Тие беа обвинети за тероризам и терористичка организација за настаните поврзани со случувањата од 9 и 10 мај 2015 година во Дива Населба во Куманово.

По неколкумесечната истрага, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во ноември 2015 година против нив поднесе обвинение со кое се товареа за сторени кривични дела терористичка организација од член 394-а и „тероризам од член 394 -б од Кривичниот законик.

Во дводневната престрелка во кумановската Дива Населба загинаа осум припадници на македонската полиција и десет припадници на вооружената група.

А. Б.