/Прочитано:

2.772

„Тајвански кредити“: Завршен збор на Васил Тупурковски

Случај: „Тајвански кредити“

Завршен збор: Васил Тупурковски – првообвинет 


Околу наводната незаконитост на постапката која ја наведуваат и што беше опширно елаборирана од страна на претставниците на обвинителството каде што и со изменетиот обвинителен акт како главен аргумент е потенцирано дека сме работеле незаконито, истото е неосновано бидејќи сметам дека сме работеле потполно законито за што ќе истакнам аргументи, за разлика од преставниците од обвинителството кои не може да цитираат ниеден допис, ни еден закон ниеден пропис, ниедна одлука или став на владата која ќе ја објасни незаконитоста на работењето. 

Прво владата како предводник во извршната сфера, а стекнувајќи го тој капацитет врз основа на политичка борба што се вика „Избори” и нејзините тела што произлегуваат од нејзините ингеренции има целосно право да даде оценка за работата на Агенцијата а исто така има и таква обврска. Правото на надзор го има владата, а во случајот на Тајаванските кредити, Министерството на финасии кое има општо право за надзор на работата на сите сегменти вклучувајќи ја и АОР, како тело на владата. Значи немаше ниедна негативна оценка во ниеден извештај на владата или на Министерството на финасии во однос на работата на АОР. 

. . .

Сметам дека многу е опасно тоа што обвинителството има интенција да ја оценува работата на владата како што сметам дека е опасно и владата да ја оценува работата на обвинителството бидејќи станува збор за елементарен принцип на законита поделба на власта. Обвинителството оценува што е содржината и можната намена на Тајвансктие   кредити   па   се   згрозува   што   ние   под   намена   за финансирање на инфраструктура сме дале кредит на фабрика за намештај. Постои клаузула што дава право за општа намена затоа што покрај тоа што е цитирано конкретно од инфраструктурата, општо се наведени и стопанските дејнсоти и многу важниот збор „и друго”. Co ова сакам да кажам дека можело да се кредитира и во други стопански дејности, односно се што било во рамките на владината програма. He сум сигурен дека втората транша од 20.000.000,00 долари можела да се преземе директно во буџетот како што било сторено, а за тоа обвинителството нема никаков коментар. Според тоа, ако јас сум извршил злоупотреба со незаконито наменување на овие средства тогаш владата извршила 10 пати поголема злоупотреба барем по вредност кога 20.000.000,00 долари се ставени од втората транша директно во буџетот. Но не сме извршиле злоупотреба, туку во рамките на политичкииот систем како што е уставно уредено, сме носеле одлуки заради нашата одговорност за општите состојби во земјата.

>> Завршниот збор целосно можете да го проследите тука.