/ Прочитано:

11.460

Судијата и професор Лазар Нанев – претседател на комисијата за ревизија на АКМИС-системот при Министерството за правда

Судијата и универзитетски професор, Лазар Нанев, е назначен за претседател на комисијата при Министерството за правда, која врши ревизија на автоматизираниот информациски систем за управување со судските предмети (АКМИС) во скопскиот Кривичен суд.

„Од министерот за правда беше донесено решение за формирање на комисија врз основа на забелешките коишто беа доставени од Рајнхард Прибе. Работната група започна со работа и има обврска да констатира одредени состојби. Ќе продолжиме со работа, а за тоа што ќе го констатираме ќе биде времено известена јавноста од страна на Министерството за правда, бидејќи станува збор за постапување во согласност со судскиот деловник. Што ќе се случи понатаму ќе одлучи Министерството, бидејќи тоа врши надзор и контрола на функционалноста и одржливоста на ИТ-технологијата во судовите“, истакнува Нанев.

Во извештајот на експертската група на Рајнхард Прибе беше констатирано дека постојат индиции за злоупотреба на АКМИС-системот, кој како систем ги автоматизира и следи предметите од иницијалното отвoрање на предметот преку негово доделување, било да е кривичен, прекршочен, граѓански и др.

М.В