/ Прочитано:

7.363

Судијата Иван Џолев – нов претседател на Кривичниот суд

Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница со 11 гласа „за“ и два „против“ го избра Иван Џолев за претседател на Основниот суд Скопје 1. За ова место се кандидираа судиите: Владимир Панчевски, Ивица Стефановски, Верка Петковска, Осман Шабани, Ѓоко Ристов и Весна Димишкова.

Претходно беше констатирана оставката на в.д. претседателот на скопскиот Кривичен суд, Стојанче Рибарев, кој, како што беше речено на седницата, оставката ја поднел поради здравствени причини.

На веб-страницата на Кривичниот суд е наведено дека судијата Џолев работи во предмети од прекршочната област. 2008 година е наведена како година на неговиот избор.

М.В