/ Прочитано:

3.280

Судијата Панчевски се жали во Стразбур за претресот на СЈО во неговиот дом

Поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски се жали пред Европскиот суд за човековите права за претресот на Специјалното јавно обвинителство во неговиот дом.

Предметот на судијата Панчевски пред Судот во Стразбур ја помина првата прелиминарна фаза на испитување на допуштеноста на жалбата. Предметот е регистриран и е проследен на понатамошно постапување, соопштува неговиот адвокат Петро Јанура.

„Во овој случај станува збор за флагрантно кршење на правата на мојот клиент со спроведениот претрес во неговиот дом, односно повреда на правото на правична судска постапка од членот 6 и правото на почитување на приватниот и семејниот живот од членот 8 на Европската конвенција за заштита на човековите права. Претресот беше спроведен од ненадлежна институција – Специјалното јавно обвинителство, по наредба на ненадлежен суд – Основниот суд Гевгелија, без да бидат исполнети какви било законски услови. Следствено на тоа не се исполнети гаранциите и критериумите за ‘независен и непристрасен, со закон воспоставен трибунал’ од членот 6 од Конвенцијата.  Воедно, фактите укажуваат на самоволие во постапувањето на СЈО, коешто беше овозможено од домашниот суд. Во врска со ова би истакнал дека примарната цел на членот 8 од Конвенцијата е да го заштити од арбитрарни попречувања приватниот и семејниот живот, домот и преписката“, вели адвокатот Петро Јанура.

М.В