/ Прочитано:

7.488

Судијката Лидија Димчевска – в. д. претседател на Апелациониот суд Скопје

Судскиот совет на РМ ја назначи судијката Лидија Димчевска за вршител на должноста претседател на Апелациониот суд во Скопје, каде што работи на предмети од граѓанската област. Во биографијата на судијката Димчевска е наведено дека во 2001 година е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде што сè до септември 2004 година постапувала по граѓански предмети. Димчевска до декември 2005 година постапувала по работни спорови, а од јануари 2006 г. повторно постапува по граѓански предмети и е претседател на совет.

Судијката Лидија Димчевска дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 10.2.1984 година, а правосуден испит положила во Скопје на 14.2.1986 година. Во 1984 година се вработила како приправник во тогашниот Општински суд Куманово, а од 1986 г. работела како стручен соработник во истиот суд, каде што подоцна била избрана за судија и постапувала по граѓански, оставински и вонпарнични предмети. Избрана е и учествува како ментор во Академијата за обука на судии и јавни обвинители и нивни заменици на Република Македонија.

М.В