/ Прочитано:

2.607

Свечена изјава на новите членови на Судскиот совет на Република Македонија

Новите членовите на Судскиот совет на Република Македонија: Киро Здравев, Гордана Спиревска, Зоран Теофиловски, Лорета Горгиева и Мирсад Суроји денеска дадоа свеченa изјавa пред претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.

Новите членови на Судскиот совет истакнаа дека функцијата ќе ја вршат одговорно и законски и дека нема да бидат подложни на политички влијанија и дека професионалноста и стручноста се клучен критериум при изборот и унапредувањето на судиите.

М.В