/ Прочитано:

10.200

ТЕКСТОТ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ: Образложение и законски одредби

Собранието на Република Македонија го објави предлог-закон за употреба на јазиците.

„Основна цел за донесување на законот е доследно преточување на уставните амандмани во законски текстови во однос на употребата и примената на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо. Имено, со овој закон паралелно се уредуваат начелата, начинот и одговорноста на институциите да овозможат службената употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо vis а vis правото на граѓаните да го употребуваат и применуваат тој јазик во службени постапки. Воедно, се регулира и употребата на другите јазици на кои зборуваат граѓаните од заедниците кои се помалку од 20%“, се вели во законското образложение.

 Предлог-законот ќе предизвика фискални импликации врз буџетот на Република Македонија во износ од 106 милиони денари кои ќе се обезбедат во буџетот на Република Македонија за 2018 година.

>>>Целосниот текст на предлог-законот за употребата на јазиците

M.В