/ Прочитано:

3.120

Текстот на Законот за амнестија за настаните од 27 април поднесен во Собранието  на РМ

Група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа најавениот Предлог-закон за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за настаните во Собранието на РМ од 27 април 2017 година.

Во членот 1 од Предлог-законот се пропишува дека со овој закон се ослободуваат од кривично гонење, се запираат поведените кривични постапки и целосно се ослободуваат од издржување на казната затвор лицата:

  • осомничени и обвинети во судските постапки кои се водат пред судовите на територија на Република Македонија, а во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година за кои постои основано сомнение дека до денот на влегувањето во сила на овој закон, сториле кривични дела согласно член 384 – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие, согласно член 386 – Насилство, согласно член 385 – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело и кривично дело согласно член 313 – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста  од Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 37/96, 80/99, 4/02, 43/03, 19/2004, 81/05, 60/06, 73/06, 87/07, 7/08, 139/08, 114/09, 51/11, 135/11, 185/11, 42/12, 166/12, 55/13, 82/13, 14/14, 27/14, 28/14, 41/14, 115/14, 132/14, 160/14, 199/14, 196/15, 226/15 и 97/17) и други кривични и прекршочни дела согласно со позитивно-правните прописи во Република Македонија,
  • лицата осудени со правосилна пресуда на казна затвор за кривични дела пропишани со Кривичниот законик и/или други закони, кои на денот на влегувањето во сила на овој закон започнале со издржување на казната затвор во казнено-поправните установи во Република Македонија, а во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година.

Со Предлог-законот се определува бришење на осудата и се укинува правната последица на осудата заклучно со денот на влегување на сила на овој закон.

Постапка за примена на законот

Во Членот  2 од законот се пропишува дека  постапката за примена на овој закон за лицата против кои е во тек кривична постапка, ја поведува по службена должност првостепениот суд пред кој се води постапката, надлежниот јавен обвинител или осомниченото, односно обвинетото лице, односно лице кое во корист на обвинетиот може да изјави жалба.

Постапката за примена на овој закон за лицата кои не отпочнале со издржување на казната затвор, постапката по службена должност ја поведува надлежниот првостепен суд што ја донел пресудата, по барање на надлежниот јавен обвинител или по барање на осуденото лице на кое се однесува амнестијата, односно лице кое во корист на обвинетиот може да изјави жалба.

Постапката за примена на овој закон за лицата кои се правосилно осудени ја поведува по службена должност казнено-поправната установа во која осуденото лице ја издржува казната затвор.

Решението за амнестија според одредбите од овој закон го донесува судот што ја донел првостепената одлука, во рок од пет (5) дена од денот на приемот на барањето.

Поднесување на жалба

Во членот 3 се пропишува дека против решенијата од членот 2 жалба можат да поднесат јавниот обвинител, лицата на кои се однесува амнестијата и лицата кои во нивна корист можат да изјават жалба во рок од три (3) дена.

По жалбата против решението на првостепениот суд одлучува непосредно повисокиот суд, во рок од три (3) дена.

Доколку со овој закон не е поинаку определено,  се пропишува понатаму во членот 4, во постапката за спроведување на овој закон се применуваат одредбите од Законот за кривична постапка.

Упатството за спроведување на законот

Во членот 5 од законот се вели дека Упатството за спроведување на овој закон го донесува Министерот за правда во рок од три (3) дена од денот на влегувањето во сила на овој закон, кој, како што се определува во членот 6, влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

АКРМ апелира да се обезбедат потребните услови за нормално одвивање на судскиот процес за предметот „27 април

Начелото на јавност на постапката е едно од основните начела за гаранција на правото на фер судење

Кривичниот суд: Ги разбираме реакциите на одбраната поврзани со условите во кои работи судот, но условите се тие

„Не сме декор во судот“ – велат адвокатите во предметот „27 април“, кои денес беа казнети и отстранети од судница

Коалицијата „Сите за правично судење“ повторно реагира за предметот „27 април“: Загрижува ставот на Кривичниот суд

Предметот „27 април“ и маратонските рочишта во месечниот извештај за состојбата со човековите права

Кривичниот суд со соопштение за маратонските судења во предметот за 27 април

Јавна реакција на Коалицијата „Сите за правично судење“ за предметот „27ми април“: Се постапува на штета на обвинетите

Обвинетите во судскиот процес за „27 април“ не се чувствуваат виновни

Обвинетите не се терористи и предметот е политички мотивиран, велат адвокатите во воведните зборови за „27 април“

Обвиненија за настаните во Собранието

М.В