/ Прочитано:

2.417

„Тенковски делови“: Завршен збор на бранителот Никола Поленак за Владо Бучковски

Случај: „Тенковски делови“

Завршен збор: Никола Поленак, бранител на обвинетиот Владо Бучковски


Прво кога започнав да се подготвувам за овој завршен збор, сакав повторно во воведниот дел да зборувам:

  • За политичката позадина на овој кривично правен случај;
  • За мотивите поради кои воопшто е покрената оваа кривична постапка;
  • За сето она што претходеше при покренувањето на постапката надвор од судот во други институции;
  • За она, како почна и како се водеше постапката;
  • За тоа што многу од писмените докази не беа презентирани од страна на Јавното обвинителство така што одбраната беше таа што посочуваш, бараше да предлага и прилага докази кои се сите изведени од Ваша страна; 
  • Зошто обвинителството во својот завршен збор воопшто не анализира и споменува низа материјални докази кои ја негираат неговата теза;
…………..
Во денешно време кога во оваа наша држава сериозно е разнишана довербата на граѓаните во судството, кога во јавноста преовладува мислење дека судењата и судските одлуки се само форма и реализација на одлуки, донесени вон од оваа судска зграда, навистина сметам дека Вашиот судскиот совет е на испит. На испит, за примената на вистината. На испит на совеста. Впрочем, сметам дека независноста на еден суд се гледа и гради исклучиво преку неговите одлуки. …………………… Доблеста во тоа, се огледува во осудувањето на виновните, но и во тоа да се донесе ослободителна пресуда кога о прилог на тоа зборуваат фактите, доказите и примената на правото.  Заради сето тоа, мене не ми останува ништо повеќе, само да Ве замолам да донесете единствена правилна пресуда, а тоа е ослободителна пресуда.  >> Завршниот збор целосно можете да го проследите тука.