/ Прочитано:

1.281

Топ 3 совети за адвокати во рецесија

1. Диверзифицирај го твоето портфолио

Повеќе не е доволно што успешно си се занимавал со странски инвестиции во време на благостојба. Сега едноставно нема странски инвестиции! Научи се да го препознаеш раниот сигнал за одлив на инвеститорите – најчесто тие имаат проблеми на големите пазари, зар ќе мислат на инвестицијата во Македонија?

Диверзифицирај, зајакни ги твоите потенцијали во даночното и работното право, зајакни го портфолиото во судските постапки. Во време на рецесија компаниите ќе се тужат помеѓу себе, ќе го намалуваат бројот на вработени, ќе се обидат да го вратат некогаш премолченото даночно побарување од државата. Ти ќе бидеш тој кој ќе им “помогне во тоа”, впрочем голем инвестиционен адвокат е и најповикан за помош на пријателите!

2. Задржи ги трошоците на оптималното ниво

Немој да вработуваш нови, искусни и скапи адвокати во рецесија. Концентрирај се на оптимално искористување на твоите интерни потенцијали, побарај повеќе концентрација, квалитет, ниво на услуга од твоите млади соработници!

3. Насмеј се и немој да плачеш наоколу

Рецесијата не е за еден ден, а и после неа ќе се живее и ќе требаат адвокати. Не смееш да бидеш помалку расположен од твоите клиенти, за бога ти им даваш услуга, надеж и сигурност на клиентите не тие тебе!

Oбјавено: 25.06.2012