/ Прочитано:

1.942

Тортурата во тајните кинески затвори – исповед на жртвите

Кинескиот адвокат Шјие Јанг бил притворен во градот Хонгџјианг на 11 јули 2015 година откако протестирал против кршењето на човековите права и против Комунистичката партија на Кина. Првиот ден од апсењето бил удиран со метални столови и од него се барало да каже зошто се придружил на нелегалното движење против Комунистичката партија на Кина; потоа бил префрлен во еден од тајните затвори каде што му било наложено дека мора да почитува и дека тоа е неговото единствено право, по што започнало насилството врз него.

Затвор кина

Во интервју за весникот „Гардијан”, 44-годишниот адвокат Шјие Јанг од Кина изјавува дека бил држен во таен кинески затвор во градот Чангша и дека врз него биле применувани страшни методи на тортура. Шјие Јанг бил притворен во градот Хонгџјианг на 11 јули 2015 година откако протестирал против кршењето на човековите права и против Комунистичката партија на Кина.Ки

Првиот ден од апсењето бил удиран со метални столови и од него се барало да каже зошто се придружил на нелегалното движење против Комунистичката партија на Кина; потоа бил префрлен во еден од тајните затвори каде што му било наложено дека мора да почитува и дека тоа е неговото единствено право, по што започнало насилството врз него.

Лицата во затворот кои биле задолжени да го испрашуваат и да го мачат му рекле дека ќе го тепаат, ќе го доведат до лудило и до смрт и ќе го третираат како мравка, сè додека не го признае кривичното дело кое воопшто не го сторил. Еден од затворските службеници дури и му се заканил дека не смее ни да помисли да се залага за човекови права и да се занимава со адвокатура ако излезе од затвор.

Ова е само дел од тврдењата што ги посочуваат активистите за човекови права во Кина, кои, секако, не можат да бидат потврдени.

Правниот тим на Шјие решил да го објави неговото сведоштво во знак на протест против власта која не дозволила тој да биде ослободен. Во неговото интервју кое во дел е пренесено и во „Гардијан“ тој ги опишува нечовечките и застрашувачки услови во затворот и нечовечката тактика со која Кина практично му објавила војна на правото.

затвореници Кина

На случајот со Шјие се надоврзува и случајот на активистот за човекови права Швеѓанецот Питер Далин кој соработувал со дел од притворените адвокати откако поминал 23 дена во подземен затвор во Пекинг.

Откако се преселил во северен Тајланд, Далин дал интервју во кое вели дека по притворањето во јануари 2016, бил присилен да седи буден и исцрпен, не му биле прифатени исказите во кои тврдел дека е невин, не му била овозможена дневна светлина итн., а сè со цел да попушти и да признае вина.

Кинеските власти сè уште немаат одговор за тврдењата на адвокатот Шјие и на активистот Далин, но во одделни написи кинеската новинска агенција „Шјинхуа“ од Пекинг ги отфрлила критиките кои ѝ се наметнуваат на Кина во врска со кршењето на човековите права. Таа во текстовите ги обвинува западните држави дека имаат двојни стандарди за човековите права бидејќи создаваат бегалски кризи, и самите имаат проблем со човековите права, а на крајот ја обвинуваат Кина.