/ Прочитано:

3.189

Три типа медијација според американски експерти за медијација и мирно решавање на спорови

На веб-страницата Lawyerist.com, чија цел е онлајн информирање за новините во правото, авторот Сем Гловер чија специјалност се правните иновации, објави колумна за тоа каков тип медијација да се избере. Тој во текстот го пренесува мислењето на авторите Џон Винсдејл кој предава социјална психологија на Државниот универзитет во Калифорнија и Џералд Монк, професор на Универзитетот во Сан Диего, чија специјалност се медијацијата и решавањето конфликти. Според нив постојат три типа медијација: евалуативна, олеснувачка и трансформативна.

Медијацијата претставува метод за конструктивно, структурирано и доброволно решавање на некој судир или спор или негово избегнување. Странките во медијацијата сакаат со помош на трета непристрасна страна (медијатор) да постигнат прифатлив разумен компромис, кој е во согласност со нивните потреби и правни интереси.

Слична дефиниција за медијација е наведена и во македонскиот Закон за медијација од 2013 година во кој, исто така, се пропишани и одредени начела кои треба да се применуваат при решавање на спорот. Доброволноста, рамноправноста, неутралноста, доверливоста, еднаквоста на страните, достапноста на информации, исклучувањето на јавноста во медијацијата, ефикасноста и правичноста се принципи кои се основата која треба да се почитува за да се пристапи кон ефикасен процес на медијација.

На веб-страницата Lawyerist.com, чија цел е онлајн информирање за новините во правото, објавена е колумна за тоа каков стил на медијација да се избере, на авторот Сем Гловер чија специјалност се правните иновации.

Тој во текстот го пренесува мислењето на авторите Џон Винсдејл кој предава социјална психологија на Државниот универзитет во Калифорнија и Џералд Монк, професор на Универзитетот во Сан Диего, чија специјалност се медијацијата и решавањето конфликти.

Според нив, постојат 3 типа медијација:

1. Евалуативна, во која медијаторот им помага на засегнатите страни да разберат како судот ќе одлучи или може да одлучи во нивниот случај. Овој тип медијација може да се сретне и под името директивна медијација, во случај медијаторот да е правник или правен експерт;

2. Олеснувачка, во која медијаторот се обидува да изнајде начин за да им помогне на страните и го олеснува разговорот што се води меѓу страните и функционира како надзорник на процесот, без да влијае врз исходот од него;

3. Трансформативна, која на повнимателен и детализиран начин ја гледа целата постапка. Успехот во овој тип медијација медијаторот не го мери според спогодбата, туку според персоналните предлози на страните, одговорите, конструктивната интеракција и нејзина цел е да ги воспостави повторно нарушените односи помеѓу страните.

Во граѓанската постапка за најефикасна се смета евалуативната медијација бидејќи се фокусира на одговорноста и можните штети што може да се случат. Во судската постапка, прашањето е секогаш кој ќе победи, а двете страни мора да ги признаат своите силни и слаби страни, со цел да се приближат кон крајот на процесот.

Евалуативните медијатори обично ги разделуваат страните во различни простории, а медијаторот посебно предлага решенија, без притоа страните да бидат во меѓусебен контакт. Медијаторот се обидува да ги принуди странките случајот да го перципираат низ судска, наместо низ лична перспектива за реално да го согледаат спорот. Добриот медијатор, исто така, ги зема предвид целите на страните кои можат или не можат да се решат во судот.

С. М.