/Прочитано:

1.601

Инфо за предметот

Надлежен суд: Жупаниски суд во Загреб

Бр. на предмет: K-US- 26/11

СУДЕЊЕ

Почеток: 03.ноември 2011г.

Судија: Судија Иван Турудиќ (претседавач)

Обвинител: Тамара Лаптош (Хипо банка), Вања Марушиќ (ИНА - МОЛ)

Обвинет:

  • Иво Санадер (Премиер на Хрватска 2003 - 2009)

Иво Санадер: „Хипо банка“ и „ИНА – МОЛ“ (Тек на судењето)

20.11.2012 – Судијата Иван Турудиќ го прогласи за виновен поранешниот премиер на Хрватска, Иво Санадер по двете точки од обвинителниот акт за обединтеиот предмет „Хипо банка“, „ИНА – МОЛ“ . Санадер е со првостепената пресуда е осуден на единствена казна затвор од 10 години. На државата мора да и врати 3,5 милиони евра во рок од 15 дена. „Диоки холдинг“ во буџетот на Хрватска треба да уплати 5 милиони евра.

  • За случајот „Хипо банка“, со кој Санадер е обвинет за воено профитерство, односно дека примил мито од од 3,6 милиони куни (483.000 евра), провизија од кредитот кој австриската „Хипо банка“ и го одобрила на Хрватска додека бил заменик министер за надворешни работи на Хрватска (1993) за време хрватската војна за независност, Санадер доби казна затвор од 3 години и 6 месеци.
  • За случајот „ИНА – МОЛ“, со кој Санадер е обвинет дека примил мито од 10 милиони евра од унгарската компанија „МОЛ“, со цел преземање на мнозинските права во нафтената компанија „ИНА“ на сметка на Хрватска, на поранешниот премиeр изречени му се 7 години и 6 месеци затвор.

15.11.2012 – Вторник, 20 ноември екс-премиерот на Хрватска, Иво Санадер  ќе се соочи со првостепената пресуда за обединетиот предмет „Хипо банка“, „ИНА – МОЛ“, прв од низата коруптивни предмети кои се водат против него. По обвинителството, денеска завршни зборови даде адвокатскиот тим и самиот Санадер. Тврдат дека нивниот клиент не е воен профитер и дека не ги предал интересите на Хрватска за 10 милиони евра. Не ги сторив кривичните дела и не сум криминалец, туку човек кој на изборите доби легитимитет од граѓаните и кој совесно ја водеше владата, да не беше така, немаше да ми биде доделен уште еден мандат, рече Санадер во завршниот збор.

>> Одбраната го даде завршниот збор, првата пресуда за Санадер во вторник

14.11.2012 – Максимална казна од 15 години затвор побара обвинителството во своите завршни зборови за поранешниот премиер на Хрватска, Иво Санадер, а во врска обединетиот предмет „Хипо банка“, „ИНА – МОЛ“. Според обвинителството, Санадер е крив по сите точки наведени во обвинението. Екс-премиерот и поранешниот претседател на ХДЗ е обвинет за воено профитерство и злоупотреба на службена должност. „Санадер не само што не ги штитеше интересите на Хрватска, туку ги продаде за мочани 10 милиони евра“, рече обвинителката Вања Марушиќ, застапник на обвинението за случајот ИНА-МОЛ.

>>Санадер не само што не ги штитеше интересите на Хрватска, туку ги продаде за мочани 10 милиони евра, наведе обвинителството и побара максимална казна за екс-премиерот

13.11.2012 – Поранешниот премиер на Хрватска, Иво Санадер ја изнесе одбраната и за случајот  „ИНА – МОЛ“. Тој го обвини крунскиот сведок на обвинителството дека лаже, УСКОК дека не си ја врши професионално работата, а државниот обвинител Младен Бајиќ дека издавал тајни искази во медиумите. Со обвинението за овој случај, Санадер се товари дека примил мито од 10 милиони евра од унгарската компанија „МОЛ“, со цел преземање на мнозинските права во нафтената компанија „ИНА“ на сметка на Хрватска. Обединетиот предмет за аферите „Хипо банка“ и „ИНА – МОЛ“, првиот од низата корупциски предмети кои се водат против Санадер е пред самиот крај.

>> Санадер целосно ја даде својата одбрана, го отфли обвинението дека земал 10 милиони евра мито

12.11.2012 – Санадер ја изнесе својата одбрана во врска со случајот „Хипо банка“, тврди дека не воен профитер и дека е горд на неговиот придонес за меѓународната афирмација на Хрватска.

>> Санадер ја изнесе својата одбрана „Хипо банка“, тврди дека не е воен профитер, кривичниот прогон и го препишува на Косор

09.11.2012 – Обединетиот предмет за аферите „Хипо банка“ и „ИНА – МОЛ“  е пред самиот крај. Денеска сведочеше последниот сведок, член на Управата на ИНА , Унгарецот – Пал Золтан Кара.

>> Судењето e пред самиот крај, сведочеше последниот сведок

13.09.2012 – Сведочеше пензионираниот актер Раде Перковиќ, пријател на Иво Санадер од почетокот на 90-тите. Во тоа време и двајцата работеле во Народниот театар во Сплит, Санадер како директор, а Перковиќ како негов заменик.

>> Сведочеше пријател на Санадер од неговите театарски денови  

30.08.2012 – Иако беше предвидено да сведочи Стефан Хурлиман, директорот на швајцарската фирма „Ксенопласт“ на чија сметка наводно биле исплатени 5 милиони евра мито наменети за Санадер со цел препуштање на управувачките права во ИНА, на унгарски МОЛ, тој не се појави на рочиштето.

>> Сведокот не се појави, рочиштето е одложено

05.07.2012 – Во врска со случајот „Хипо банка“ сведочеа Злата Врдољак и Јерг Шустер од австриска Хипо банка. Поради тоа што сведоците од оправдани причини не можеа да се појават во судницата во Жупанискиот во Загреб, своите искази ги дадоа преку видео линк. И двајцата сведоци тврдат дека вообичаена пракса било исплаќање на посредничка провизија на име на кредит. За мистериозната личност Еуген Лакс велат дека прв пат слушнале за време на истрагата.

>> Исказ дадоа двајца сведоци од австриска Хипо банка

28.06.2012 – Сведочеше Јосип Фришчиќ, поранешниот лидер на Хрватската селанска партија (ХСС), која што беше дел од коалициската влада на Санадер. Фришчиќ вели дека по однос на прашањето „ИНА-МОЛ“ неговата партија дала согласност да се најде најдоброто решение. Според него, немало притисоци како да се гласа при донесување на важни владини одлуки. Со ова ги дематираше дел од сведоците кои го тврдеја спротивното. Иако беше предвидено да сведочи и Раде Перковиќ, пријател на Санадер уште од 90-тите, тој поради болест не се појави на главната расправа.

>> Немаше притисоци при донесување на важни владини одлуки, сведочи Јосип Фришчиќ 

24.05.2012 – Сведочеа братот на Санадер, Флавио Санадер (родено име: Владо) и  Абел Галац, кој е дел дел од менаџерскиот тим на МОЛ, но поранешен член на Надзорниот одбор на ИНА. И двајцата се сведоци на одбраната.

>> Сведочеше братот на Иво Санадер  

Флавио Санадер (кој инаку живее и работи во Италија) во својот исказ кажа дека го познава Јежиќ, преку неговиот брат скоро 8-9 години. Тој наведе дека последен пат се сретнале во Милано, каде тројцата (се мисли на: Иво Санадер, Роберт Јежиќ и Флавио Санадер) заедно гледале фудбалски натпревар. За разлика од Јежиќ, кој во своето сведочење наведе дека на оваа средба се разговарало за трансфер на пари, односно наводното мито од МОЛ, Флавио го демантираше ова  и рече дека Роберт Јежиќ лажел. Според него тема на разговор бил само фудбалот, а не и некакви трансфери на пари. Рече дека за наведените 10 милиони, односно 5 милиони евра, тој ништо не знае. Потсетуваме дека Јежиќ во исказот наведе дека 5 милиони евра од наводното мито, ги примил тој на сметката на неговата швајцарска фирма, а другите 5 милиони ги договориле браќата Санадер меѓусебе на оваа средба, односно Санадер наложил трансферот на овие пари да го среди Флавио.

Инаку и сведоците кои сведочеа на изминатите две рочишта (сведоци на одбраната) го демантираа исказот на Јежиќ и му ја префрлија вината нему.

>> Сведок на одбраната го демантира клучниот сведок на обвинителството (17.05.2012)

>> Сведочеше крунскиот сведок на одбраната – рускиот магнат Михаил Гуцериев (18.05.2012)

Втор,  сведочеше унгарецот Абел Галац, кој е дел од менаџерскиот тим на МОЛ, но и некогашен член на Надзорниот одбор на ИНА. За разлика од хрватските претставници од Надзорниот одбор на ИНА, според кои одлуката за промената во управувачката структура на ИНА, a  во корист на МОЛ била лоша за националните интереси Хрватска, рече дека оваа одлука од oдносно договорот за препуштање на акциите била најдобрата.

18.05.2012 – Крунскиот сведок на одбраната, рускиот нафтен магнат Михаил Гуцериев (сопственикот на руската нафтена компанија „Русњефт“), сведочеше во процесот против Иво Санадер. Изјави дека Санадер не примил мито од МОЛ, туку дека тоа се пари што Роберт Јежиќ, клучниот сведок на обвинителството, ги украл од него.

>> Сведочеше крунскиот сведок на одбраната – рускиот магнат Михаил Гуцериев 

Во врска со тоа дали 2008 и 2009 година имал некакви бизнис планови поврзани со Хрватска, наведе дека се сеќавал дека со Фазекаш имале намери, но истите пропаднале. Потенцираше дека можел да подари пари, ама не му се допаѓало кога некој краде од него. Запрашан за проектот Адриа, тој ги обвини Роберт Јежиќ и Стефан Хурлиман за кражба на неговите парите и го потврди сведоштвото на Фазекаш дека Јежиќ од него добил 5 милиони евра за лобирање и откуп на земјиште. (Јежиќ и Хурлиман во тоа време се сопственици на Ксенопласт, фирмата на чија сметка биле исплатени овие пари, односно наводното мито за Санадер.)

Јежиќ и Хурлиман не само што ги украдоа парите, туку се многу некоректни луѓе. Јас разбирам зошто сум тука. Ги дадов парите, тие исчезнаа, а од нив нешто се создаде, затоа сум тука. Јежиќ и Хурлиман требаше да ги вратат парите, ако не можеле да ја завршат работата, ништо немаше да се случи. Тие се сетиле на начин како да не ги вратат парите, измислија приказна, тоа е она што јас го заклучив, се изјасни Гуцериев.

Тој потврди дека зделката за проектот Адриа изнесувала 10 милиони евра, а  на Јежиќ му биле исплатени 5-те милиони како аванс.  За Санадер, рече дека го познава од медиумите. Гуцериев потенцираше дека ќе повел судска постапка за да си ги поврати парите. Не можел да поверува како една обична зделка завршила во суд. Според него, Санадер е невин човек кој може да биде осуден.

На прашање на обвинителката дали пребегал од Русија во Велика Британија 2007 година, тој одговори потврдно, а причината била 70-те кривични постапки кои се воделе против него. Напомена дека во 2009 година скоро сите постапки против него биле отфрлени.

Обвинителството поднесе приговор во врска со вистинитоста на исказот на Гуцериев. На следното рочиште, закажано за 24 мај (четврток) ќе сведочи  братот на Санадер, Флавио Санадер.

17.05.2012 – Нафтениот менаџер од Унгарија, Имре Фазекаш, еден од клучните сведоци на одбраната на Санадер, го демантираше исказот на крунскиот сведок на обвинителството, Роберт Јежиќ. Вели дека Санадер не примил мито од МОЛ, туку тие пари биле наменети за Јежиќ.

>> Сведок на одбраната го демантира клучниот сведок на обвинителството 

Наспроти тезата на Обвинителството дека Хангарн Оил и Церома Холдинг се ќерки фирми на МОЛ преку кои Санадер го примил митото, Фазекаш на денешното рочиште ги отфрли овие тврдења наведувајки дека 5-те милиони евра биле наменети за Јежиќ, а не за Санадер. За фирмите тој вели дека се во сопственост на рускиот нафтен магнат,  Михаил Гуцериев.

Фазекаш објасни дека со фирмата Ксенопласт на Јежиќ заедно работеле на проектот Адриа. Наводно почнале да соработуваат со Јежиќ, поради неговите политички врски, кои би помогнале во реализација на овој проект. По извесно време биле потпишани договори помеѓу Ксенопласт и кипарските фирми за откуп на земјиште и дистрибуција нафта со цел реализација на проектото Адтиа. Со овие договори на Јежиќ му биле исплатени 5 милиони евра, пари со кои исто така наводно му плаќале на Јежиќ и за лобирачки услуги. Тој истакна дека го предупредиле Јежиќ да не подмитува политичари со овие пари бидејки е тоа незаконски, ама не го објасни начинот на лобирање.

11.05.2012 – Денешното рочиште го отвори Габор Гион, финансиски ревизор во унгарски „Делоит“, кој во 2008 бил чело на ревизорскиот тим што ја чешлал работата на „ИНА„. Сплитскиот претприемач Миро Бркиќ кој прв требаше да сведочи, оправдано не се појави на судењето. Гион кој е сведок на одбраната, како и останатите сведоци од Унгарија, тврди дека  „ИНА“  кон крајот на 2008 година била во многу лоша финансиска состојба, но дека по измената на акционерскиот договор, потпишан од страна на владата на Санадер, ситуацијата во фирмата се подобрила.

>> Уште еден унгарски сведок смета дека одлуките на Санадер во врска со „ИНА“ биле исправни

Според неговото сведочење, лошата состојба во „ИНА“ се должела на големиот пад на цената на нафтата во тоа време, но и на загубите кои фирмата ги бележела со плинот. Тој наведе дека пред измената на акционерскиот договор, „ИНА“ имала кредит од милјарда долари, што во случај на повреда на одредени финансиски показатели морал веднаш да се исплати. Во почетокот на 2008 година „ИНА“ се уште била ликвидна, но проблемите се јавиле кон крајот на годината, кога фирмата не можела да ги подмири сите даночни обрски.  Она што за време на криза, кога банките не давале кредити ги зачувало финансиските кофициенти на фирмата, според Габор Гион била одлуката за издвојување на бизнисот со плин во 2009 година. Тој потенцираше дека одлуката за издвојување на бизнисот со плин била најдобрата, бидејки „ИНА“ со години плинот го купувала по пазарна, а го продавала по пониска цена.

Иако за денеска беше предвидено да сведочи и сплитскиот претприемач Миро Бркиќ, тој поради службена работа не успеа да се појави на рочиште. Бркиќ инаку требаше да даде исказ за имотната состојба на Санадер во 90 – тите, односно по враќањето на екс – премиерот од Австрија во Хрватска. Ова требаше да ја потврди или отфли тезата за тоа дали Санадер профитирал од војната во Хрватска, или пак имотот го стекнал од работењето во Австрија.

20.04.12г. – Денеска сведочеше Дамир Вангелиќ, претседател на надзорниот одбор на ИнаНиту исказот на Вангелиќ не се разликуваше многу од исказите на неговите претходници Крешиќ и Маер, членовите на Управата на Ина. Според него, МОЛ ја добиле целосната оперативна контрола над Ина по измената на акционерскиот договор во 2009г. Вангелиќ рече дека се унгарците однесувале како да се конкуренти на Ина, наведувајки дека уделот на Ина на пазарот се намалувал, за разлика од МОЛ чиј удел растел. Адвокатот Продановиќ, исказот на Вангелиќ го нарече манипулативен и контрадикторен. Вангелиќ исто така додаде дека  го изненадил фактот што Ина е фирма со околу 14.000 вработени, а немала никаков долгорочен стратешки план.

Во текот на денешното судење во Жупанискиот суд во Загреб имаше лажна дојава за бомба, ова е втор пат вакво јавување да има за време на судењето против Санадер.

13.04.12г. – На клупата за сведоци денеска седна Иван Крешиќ. Како и Мајер, Крешиќ кој исто така  е член на Управата на Ина од хрватска страна, рече дека  измените на акционерскиот договор на Ина влијаеле штетно врз интересите на Хрватска. Она што можеше да се забележи е дека исказите на двајцата хрватски членови на Управата на Ина се поклопуваат во голема мера.Крешиќ потенцираше дека хрватските членови на Управата на Ина немале никакво влијание врз донесувањето на одлуките на компанијата. На прашањето на адвокатката Слоковиќ зошто останал и понатаму во Управата ако немал никакво влијание врз одлуките, а притоа е одговорен за резултатите, (целејки кон тоа дека хрватските членови се се уште  таму само поради високите плати, чиј нето износ е  70.000 куни – околу 10.000 евра) Крешиќ одговори дека ќе го направи тоа доколку ситуацијата во компанијата не се промени, но дека се уште имало надеж и дека вредело да се борат за Ина.

МОЛ со контра-аргументи против Крешиќ

Не го разбираме г. Крешиќ. Зошто чекаше повеќе од година за да проговори за начинот на кој се управува во Ина? Откако е г. Крешиќ дел од Управата на Ина, никогаш не предложил некоја промена во врска со начинот на управувањето , иако ги има на располгање сите можности и механизми тоа да го направи. Напротив тој ја изрази нговата согласност, гласајќи исто како и неговите унгарски колеги  вкупно 845 пати – се работи за 99.54 отсто од сите донесени одлуки. – Уште додека траеше сведочењето на Крешиќ, се јавија од МОЛ со реакција.  Во заклучокот тие потенцираат дека токму со измените во акционерскиот договор се поставиле темелите на една нова Ина, управувани под јасни правила, професионално и транспарентно, Ина што сега остварувала профит.

12.04.2012 – Денеска по предлог на обвинителството требаше да сведочат Давор Мајер и Иван Крешиќ, хрватски членови во Управата на Ина, но поради тоа што сведочењето на Мајер траеше подолго од предвиденото, Крешиќ ќе биде сослушан утре.

Мајер во својот исказ наведе  измените во акционерскиот договор на Ина што се случиле во времето на владеењето на Санадер, донеле само неповолности за Хрватска. Тој објасни дека Управниот одбор на Ина се состоел од 6 членови од кои 3 ги именува владата на Хрватска, а 3 МОЛ, но во случај на изедначено гласање, одлучувачкиот глас го има претседателот на Управниот одбор, кој доаѓа од редовите на МОЛ. Одбраната приговараше, нарекувајки го исказот на Мајер тендециозен.

Бидејки сведочењето на Мајер траеше подолго од предвиденото, Крешиќ ќе сведочи утре.

Според исказот на Мајер, Управата можела да дава забелешки, но не и да влијае на некоја одлука, бидејки немале право на вето. Нa прашањето на обвинителството какви задачи имал Управниот одбор во Ина, тој одговори дека ниту една компанија во Хрватска не функционирала на овој начин, потенцирајки го формалниот карактер на членовите на овој одбор, односно само појавување на седници, но не е донесување на одлуки. Тој објасни дека постоело интерен документ („ЛОДО“ – Листа за донесување на одлуки) кој го овластувал претседателот на Управата, директно да управува со компанијата. Според тврдењето на Мајер, хрватските членови на Управата во 2011г. барале суспензија на овој документ, но по гласањето кое завршило 3:3, пресудил претседателот кој гласал против. Освен ова, Мајер рече дека од МОЛ ги носеле одлуките во врска со изборот на извршниот директор и на набавките околу нафтата.

22.03.2012 – На Жупанискиот суд во Загреб денеска тебаше да сведочи Имре Фазекаш, но сведокот на одбраната за кој се претпоставуваше дека ќе го побие исказот на крунскиот сведок на обвинителството (случај:Ина-МОЛ) – Јежиќ, не се појави на суд.  

Потсетуваме дека Роберт Јежиќ во сведочењето наведе дека половина од митото, односно 5 од 10те милиони евра што Санадер наводно ги добил од МОЛ,  на сметката на една од неговите фирми биле префрлени токму со посредство на Фазекаш, како човек од доверба на Хернади (првиот човек на МОЛ). Инаку Фазекаш кој е директор наХангарн Оил Продуктс“ според хрватските медиуми наводно во истрагата изјавил дека 5те милиони на сметката на Јежиќ биле уплатени од страна на руската енергетска компанија Росњефт. Овие средства наводно  биле наменети за складови за гас кои требале да се изградат на земјиштето каде се наоѓа компанијата на Јежиќ, ДИОКИ. Токму поради ова одбраната на Санадер уште минатата недела, а и денеска побара од судот да биде сослушан сопственикот на „Росњефт“, рускиот тајкун – Михаил Гуцериев. Покрај тоа што обвинителството се противеше на тоа Гуцериев да биде сведок, судот го прифати ова барање. Како сведоци во рочиштата што следат, освен Фазекаш и Гуцериев,  треба да  се појават уште и Давор Штерн, Дамир Ванѓелиќ од Ина, министерот Божидар Панкретиќ, потпретседателот на хрватскиот Парламент Јосип Фришкиќ, поранешниот портпарол на ХДЗ – Ратко Мачек и братот на Санадер, Флавио Санадер.

16.03.2012. – Со сведочењето на Лука Бебиќ и Марина Дропулиќ денеска продолжи процесот против Санадер.

Лука Бебиќ, екс-претседателот на хрватскиот Парламент, во своето сведочење рече дека на седниците на претседателството на ХДЗ се дискутирало најчесто на теми од државно значење, според него немало никаков притисок до членовите во однос на гласањето. Тој рече дека на тие седници, Санадер како претседател на владата и на ХДЗ, прв ги образложувал своите ставови во однос на некое прашање, но истите често не биле прифаќани целосно. Со ова Бебиќ сакаше да потенцира дека не е точно тврдењето дека сите членови на ХДЗ безусловно му се покорувале на Санадер. Во врска со измената на акционерскиот договор на Ина, Бебиќ рече дека таа одлука ја донеле едногласно, односно дека сите гласале за. За Бебиќ овој договор што го потпишале, претставувал најисправната одлука за Хрватска во тој момент. Испровоциран од прашањето на обвинителството – со кога славел нова година, Бебиќ влезе во вербален конфликт со судијата Турудиќ. Ваквото прашање го нарече ограничување на неговата слобода, притоа одговарајки дека нова година прославил и во друштво на Санадер. На овие забелешки Турудиќ му рече да се однесува пристојно бидејки не бил во Парламентот. Инаку Лука Бебиќ е еден од ретките пријатели на Санадер кои не му свртеа грб, со негова помош Санадер ја плати кауцијата која изнесуваше нешто повеќе од еден и пол милион евра и сега се брани од слобода, Бебиќ за оваа цел ја стави неговата куќа под хипотека.

По Бебиќ, сведочеше Марина Матуловиќ Дропулиќ, поранешниот министер за животна средина и просторно планирање.  Дропулиќ сведочеше за околностите околу продажабата на ПСП-Околи“. Наведе дека учествувала во овие преговори како претседател на „Плинакроа“. Според неа проблемите настанале кога од МОЛ пробале да ги убрзаат преговорите, нешто за кое таа лично заедно со Шукер  го известила Санадер.

15.03.2012 – Денешното рочиште го обележаа сведочењата на Слободан Узелац – поранешниот потпретседател на владата на Санадер и Косор и Јозе Петровиќ – поранешен член во управниот одбор на Ина.

Слободан Узелац, во периодот 2008/2009г. како потпретседател во владата на Хрватска бил одговорен за  регионален развој, заштита и враќање на бегалците. Узелац кој инаку е сведок на одбраната, наведе дека бил дел од скоро сите седници и состаноци на владата и дека не чуствувал никаков притисок од Санадер во врска со тоа како да гласа при донесување на владина одлука. Во конкретниот случај со МОЛ, односно измената на акционерскиот договор на Ина, тој рече дека гласал за, но само заради тоа што сметал дека тоа е најдоброто решение за Хрватска.

Вториот сведок, Јозе Петровиќ во периодот 2008/2009г. бил член во управата на Ина и извршен директор на рафинеријата и маркетинг. Петровиќ кој беше испитуван најпрвин од адвокатката Јадранка Слоковиќ рече дека не учествувал во преговорите околу измената на акционерскиот договор на Ина.

08.03.2012 – Поранешниот пријател на Иво Санадер и клучниот сведок на УСКОК, Роберт Јежиќ денеска сведочеше во Жупанискиот суд. Потсетуваме дека Роберт Јежиќ во текот на истрагата тврдеше дека наводното мито од МОЛ било исплатено преку неговата  фирма во Швајцарија. Јежиќ остана на овој исказ и денеска.

07.03.2012 – Иако за денеска беше предвидено шефот на МОЛ, Волфганг Култерер, да продолжи со сведочењето, тоа сепак не се случи бидејки Култерер бил болен.

02.03.2012 – Денеска сведочеа поранешниот шеф на „Хипо банка“, Волфганг Култерер и екс министерот за финансии Иван Шукер.

Култерер vs. Видаковиќ 

Потсетуваме дека Драго Видаковиќ – поранешен долгогодишен шеф на Хипо Лизинг Кроатиен, во сведочењето на 08.12.11г. наведе дека во 1995г. видел како Волфганг Култерер му подава жолт коверт на Санадер на паркингот пред Хипо Лизинг“  во Клангефурт, Австрија.

Некогашниот претседател и извршен директор и  на „Хипо банка“, Волфганг Култерер  сведочењето го почна со објаснување дека во 94г.  неговата  функција и онаа на Шустер (истотака управител на„Хипо банка“ во тоа време)  не се разликувале многу, односно додека тие не дале согласност, ниту една одлука не била правосилна. Гинтер Стридингер кој бил одговорен да ја води надворешната политика на „Хипо банка“ им бил подреден.

Култерер vs. Стридингер

Гинтер Стридингер во исказот даден на 15.12.11 г. рече дека Санадер му ветил на Култерер повластена положба на „Хипо банка“ на хрватскиот пазар во замена за провизија. Во записникот што Стридингер го составил стои дека посредник помеѓу Санадер и Хипо банка за исплата на парите ќе биде извесен Еуген Лакс.

„Договорена беше провизија од 5 посто за кредит во износ од 7 милиони австриски шилинзи (приближно 509 илјади евра), 50 посто се  исплаќаат при прифаќање на договорот, а 50 пoсто после потпишувањето на истиот, во случајов предвидено за  јануари 1995 г.“  – Гинтер Стридингер

Според Култерер изненадувачки било тоа што идејата за започнување на преговори за кредит потекнувала од тогашниот министер за надворешни работи на Австрија – Алојз Мок. Наводно Мок инсистирал да и се даде поддршка на Хрватска и Мате Граниќ. Поранешниот претседател на „Хипо банка“ ја прифатил сугестијата на Мок и стапил во контакт со хрватското МНР по што следувал првиот состанок што се одржал во Загреб, мај или јуни 1994 година. На овој состанок Култерер за прв пат се запознал со Мате Граниќ. Култерер наведе дека на состаноците на почетокот доаѓал сам, а подоцна му приклучил и Шустер, понудата за кредитот била прецизирана во јули 94г. На денешното рочиште повторно се појави името Еуген Лакс, односно Култерер рече дека освен постојаните 8-10 лица кои присуствувале на состаноците, непосредно пред доставување на понудата во неколку наврати се појавил и „мистериозниот“  Лакс.  Култерер иако незнаеше да одговори кој го викнал Лакс на состаноците потенцираше дека после еден состанок, биле кафе каде овој му се претставил и му рекол дека Хипо банка ќе остане во оваа зделка и покрај тоа што за кредитирање  на Хрватска биле заинтересирани и други банки. Наводно Еуген Лакс на оваа средба исто така му кажал дека лично се познава со Алојз Мок и тогашниот претседател на Хрватска – Фрањо Туѓман. Додаде дека не се сеќава баш на физиономијата, но дека Лакс веројатно тогаш имал околу 60 години. Подоцна откако понудата му била доставена на Граниќ, наводно Лакс побарал од Култерер да му биде исплатена провизијата од 5%. По ова Култерер наведе дека не се среќавал веќе со Лакс, но бидејки се работело за голем заем, рече дека ваквите работи не можеле да се заклучат без одборување од највисоко ниво, конкретно од некогашниот претседател на Хрватска – Туѓман. Тој истакна дека вакви провизии се исплаќале и претходно. На прашањето на обвинителот Тамара Лаптош, како наеднаш се сетил на Еуген Лакс, а во не и во текот на истрагата, одговори дека му текнало откако ја проучил документацијата врзана со овој случај.Освен дека Мате Граниќ го запознал со Санадер и дека екс-премиерот имал одлично познавање на германскиот јазик што им ги олеснило преговорите, Култерер во текот на сведочењето скоро и да не го спомена Санадер. Поради оправдани причини, сведочењето на Култерер ќе продолжи на 7 март. Санадер упати приговор на судскиот преведувач кој го преведуваше исказот на Култерер од германски на хрватски јазик, рече дека преведувачот не си ја завршил работата професионално.

Распитот на сведоци продолжи со сведочењето на Иван Шукер. Поранешниот министер за финасии сведочеше за преговорите на Владата со МОЛ, околу измената на акционерскиот договор на Ина. Во тоа време Шукер бил претседател на надзорниот одбор на Ина, а потоа на негово место дошол Дамир Поланчец. Иако имало обиди да се убрза донесувањето на одлуката од страна на Владата односно тоа да се случи до 31 декември, истата била донесена на 29 јануари, наведе Шукер. Понатаму тој рече дека не се сложувал со условите во договорот, но гласал за, бидејки според него било сосема во ред да се гласа согласно ставот на ресорниот министер. Ова тврдење на Шукер го испровоцира судијата Турудиќ, кој праша зошто тогаш служеле владините седници. Шукер му одговори дека служеле за донесување на одлуки, а приговор имаше иСанадер кој пак рече дека имало и седници на кои не гласале сите исто. На прашањето на обвинителството дали имал некакви разговори со Санадер во врска со Ина и по неговата оставка од премиерското место, тој одговори потврдно. Наводно во август 2009г., после еден состанок во владата, на кој што присуствувале скоро сите членови, Јадранка Косор го испратила во седиштето на ХДЗ каде на разговор го чекале Санадер и Поланчец. Според сведочењето на Шукер, Санадер се интересирал за бизнисот со плин и после оставката, односно го прашал до каде се преговорите, на што тој одговорил дека поради општата состојба во Хрватска што не била многу поволна, таа обрска не можеле да ја превземат во моментот. Истото ова, подоцна му било соопштено и на Хернади, по што владата се обврзала ова прашање, односно купувањето на компанијата за плин, да се пролонгира за следната година, но тоа не се случило до денеска.

Пред самиот финиш на рочиштето, Санадер повторно приговараше на исказот на Шукер, велејки  дека на седниците на владата имало и такви  одлуки кои не биле донесени  едногласно.

01.03.2012 – Од осомничен во истрагата за аферата „Ина-МОЛ“, потпретседателот на владата на Санадер, Дамир Поланчец, денеска се појави во Жупанискиот суд во улога на сведок.  Инаку Поланчец, во текот на истрагата тврдеше дека доколку Санадер навистина примил мито од МОЛ,  во тој случај тој бил изманипулиран.

Според денешното сведочење на Поланчец, МОЛ биле оние кој иницирале измена на акционерскиот договор. Наводно во почеток на 2008г. Владата имала 44.26% од акциите, МОЛ 25 %+ 1 акција, а до промена во управувачката структура во корист на МОЛ дошло летото 2008г..Овој период МОЛ преку јавна понуда, на сите сопственици им понудил поволна понуда за продажба на акциите, голем дел ја прифатиле истата. Моментот на пресврт се случил кога Фондот на хрватските воени ветерани му ги продале на МОЛ своите 7%, тогаш за прв пат унгарците имале повеќе акции од Владата. На прашањето на обвинителството кога се појавиле првите барања на МОЛ во врска со измена на управувачката структура, Поланчец одговори дека такви барања имало уште во 2007г., иако во акционерскиот договор од 2003г. постоела одредба според која се додека Владата на Хрватска има 25% + 1 акција, договорот не мора да се менува. Според Поланчец и Владата и МОЛ не одговориле на обврските од договорот како што треба. Понатаму тој објасни дека на почетокот на 2008г., на чело со него била составена комисија чија задача била да ги води преговорите со МОЛ. Во врска со тоа како паднал изборот на адвокатското друштво „Марковиќ-Плишо“, Поланчец рече дека биле пријавени само две адвокатски канцеларии, а откако едната се откажала останале само наведените и дека целата постапка била во согласност со Законот за јавни набавки. Поранешниот потпретседател на владата наведе дека на состаноците најчесто од МОЛ бил присутен Хернади, а од хрватска страна подоцна се приклучила и Јадранка КосорВо врска со продажбата на акциите од страна на Фондот на хрватските воени ветерани, Поланчец рече дека знаел за оваа одлука и дека на чело на фондот тогаш била Косор. Некогашниот заменик на Санадер исто така додаде дека наводно Косор не сакала да ги продаде акциите, но имала ваква директива од Санадер. Според него продажбата бил клучниот момент кој ги довел унгарците во подобра положба. Во еден наврат, адвокатот Марковиќ му соопштил дека од МОЛ побарале да им се дозволи консолидација на приходот на Ина, а тоа било можно само на два начини: да им се продаде пакет акции – потег со кој би имале поголем удел во Ина или пак да им се даде мнозинство во надзорниот одбор. По ова Поланчец, му ги соопштил овие барањата на Санадер, по што екс-премиерот наводно му рекол дека за тоа ќе мора да се разговара во кабинетот на владата. Поланчец беше опоменат од судијата Турудиќ дека го менува исказот, бидејќи во неговиот исказ даден во текот на истрагата стои дека – Санадер им наложил на членовите на комисјата да се исполнат барањата на МОЛ. 

Пред УСКОК рековте дека Санадер ви рекол да се исполнат барањата на МОЛ. Денеска велите дека постоеле причини за и против, односно дека ви рекол дека за тоа мора да се разговара. – Судија Иван Турудиќ

На ова, Дамир Поланчец одговори дека со тие зборови сакал да каже дека екс-премиерот имал цврсти и наводно логични ставови по ова прашање, но дека сепак постоело дискусија околу за и против аргументите. Тој одговори дека таков состанок на кој се расправало по повод барањата на унгарците имало набрзо и дека претседателството на партијата (ХДЗ) донело одлука за промена на составот на надзорниот одбор на Ина и продолжување со припремите за откуп на подземниот склад со плин на фирмата Природни плин“. Одлуката била наводно донесена откако Санадер се изјаснил околу неговиот став. Поланчец истакна дека не памти некоја одлука некогаш да била донесена спротивно на Санадеровите ставови. Експремиерот приговараше на ова и на тврдењето дека барал од Јадранка Косор, Фондот на воени ветерани да ги продаде акцииите.

24.02.2012г. – Денеска сведочеше Олгица Спевец, директор на Агенција за заштита на пазарната конкуренција (АЗТН). Спевец објасни дека задачата на агенцијата била да утврди дали со приватизацијата на Ина ќе се нарушат пазарните односи. Задачата пак на Владата и на МОЛ била по измена на акционерскиот договор да поднесат пријава до агенцијата за за промената во уделите на  поткрепена со целосна документација. Целосна пријава пристигнала на 5 април, 2009г., по што агенцијата што била должна во рок од 30 дена да донесе решение. Санадер и МОЛ, во деновите што следувале наводно биле писмено известени дека АЗТН ќе врши подлабока анализа по ова прашање. Решението било донесено во јуни истата година. Според Спевец, измената на акционерскиот договор со кој МОЛ требал да владее со повеќе од 47% од акциите, бил предмет на подлабока анализа на агенцијата, односно дека без нивно одбрение тој договор не можел да стапи на сила. Заклучокот што го донеле бил дека за ваков акционерски договор, МОЛ треба да го продаде „Црнобенз“, за да не се нарушела рамнотежата на пазарот. Спевец наведе дека ваквата одлука наводно не им се допаднала ниту на МОЛ, ниту пак на Санадер од кого добила телефонски повик да го образложи решението што го донела агенцијата. По ова следувал состанок со челните лица на МОЛ и Владата на чело со тогашниот потпретседател Дамир Поланчец, каде директорката на АЗТН требала да ја објасни одлуката, Санадер не присуствувал. Според зборовите на Спевец состанокот бил прилично нервозен. Таа наведе дека целиот состанок се свел на прашањето што сака да постигне агенцијата (АТЗН) со тоа решение. Тврдеше дека била спремна да даде отказ, но не и да ја повлече одлуката.

Наложивме Црнобенз да биде продаден во рок од 9 месеци, а истовремено ги забранивме сите активности кои можеа да доведат до слабеење на Црнобенз на пазарот.“ – Олгица Спевец

Состанокот завршил така што, Владата и МОЛ се согласиле со оваа одлука, а Санадер подоцна и се извинил на директорката. На прашањето дали МОЛ се придржувал одлуката во текот на тие девет месеци, таа одговори дека дека решението го почитувале делумно.  Санадер приговараше вистинитоста на исказот на Спевец, рече дека  првото писмо од АЗТН во април 2009 г. не го ни прочитал, зошто не го ни добил. Адвокатот Продановиќ спореше дека писмото од АТЗН од 20 април 2009г.  не е ни пратено тој датум и дека на крајот од годината пробале да го  антидатираат со фалсификуван број, според Продановиќ тоа пробала да го направи токму Олгица Спевец. Тој рече дека во понатамошните рочишта одбраната тоа ќе го докаже.

24.02.2012 – Ќе стартува судењето и за „Фими медиа“

За 19, 20 и 21 март се закажани подготвителните рочишта за аферата „Фими Медиа“, јавуваат хрватските медиуми. Во овие 3 дена судијата Ивана Кршул треба да го одреди стартот на судењето за партијата ХДЗ, поранешниот претседател на оваа партија – експремиерот Иво Санадер, благајникот на ХДЗ Младен Баришиќ, портпаролот на Владата и шеф на изборните штабови на ХДЗ Ратко Мачек, благајничката Бранка Павошевиќ, сопственичката на „Фими медиа“ Невенка Јурак, нејзини соработници Анита Лончар и Бојан Димиќ, и нивните фирми „Фими медиа“, „Ани-Лон“ и „Онида“. Обвинетите се товарат за проневера на околу 10 милиони евра државни пари. Според обвинението, Санадер за себе земал 1.98 милиони евра, а во т.н. црни фондови на ХДЗ се слеале околу 4 милиони евра. Во одбрана на партијата ХДЗ ќе застанат адвокатите Даворин Будин и Томислав Пениќ, а како правно лица на клупата за обвинети ќе ги претставува Дамир Сесвеќан. Станува збор за една од најголемите корупциски афери во Хрватска и воедно најголемиот обвинителен акт  во историјата на хрватското правосудство – се протега на повеќе од 500 страни.

23.02.12г. – На клупата за сведоци денеска седнаа Бранимир Хорачек поранешен директор на управата за енергетика при Министерството за економија и адвокатот Зоран Марковиќ владиниот правен советник во склоп на преговорите со МОЛ.

Прв сведочеше Хорачек, кој учествувал во преговорите за издвојување на бизнисот со плин од Ина, предлог кој стигнал од МОЛ поради загубите кои ги претрепеле. Хорачек потенцираше дека на комисијата предводена одПоланчец на едната страна седеле Звонимир Новак, Зоран Марковиќ, Томо Галиќ , Бранко Радошевиќ, а на другата страна наводно секогаш бил присутен Жолт Хернади со уште неколку луѓе од МОЛ. На овие состаноци, според Хорачек не се разговарало за измена на акционерскиот договор и не се воделе записници. Екс-директорот смета дека си ја завршил работата добро, иако не знае зошто пропаднале преговорите за преземање на бизнисот со плин од страна Хрватска. На прашањето на одбраната дали имало притисоци упатени кон него за време на преговорите, Хорачек одговори негативно.

Вториот сведок, Зоран Марковиќ потврди дека бил правен советник на владата на Хрватска во преговорите со МОЛ, а во врска со измените на акционерскиот договор на Ина. За услугите му биле исплатени 2, 7 милони куни, од кои 1.5 милиони му биле исплатени како бонус за успешно завршена работа. Инаку понудата на Марковиќ била повисока и од оваа, но по барање на комисијата составена од владата истата била намалена. Според Марковиќ, неговото адвокатско друштво било едно од петте од кои било побарано да достават на понуда на јавниот конкурс. Иако највисока, понудата на Марковиќ била прифатена, другите канцеларии или не доставиле понуди или подоцна се повлекле.  На прашањето на Турудиќ дали е свесен дека владата има свои правни советници, тој одговори дека не е запознаен со тоа, ниту пак со фактот дека по корегирање на понудата останало само неговото адвокатско душтво да се „натпреварува“  на конкурсот. Во врска со преговорите со МОЛ, Марковиќ истакна дека според него државата не била оштетена поради тоа што на МОЛ му биле препуштени управувачките права над Ина, логичен потег било МОЛ да управува со повеќе 47% од акциите, а владата на Хрватска да падне на 43%. Според Марковиќ унгарски МОЛ можел да продолжи да купува акции на берзата и да стигне до превласт во Ина и владата на Хрватска да биде надгласана, на овој начин владата се заштитила за во иднина, односно донела најефективно решение. На прашањето на одбраната дали во времето кога се склучувал договорот имал некаков контакт со Санадер, тој одговори негативно, односно дека имал на неколку пати комуникација со поранешниот премиер, но не во време кога се склучувал овој договор.

Денешното рочиште го обележаа и опомените  од судијата Турудиќ упатени до Санадер дека ќе биде исфрлен од судницата, зошто пoранешниот премиер му упаѓал во збор.

13.01.2012 – Денеска испитани беа Томо Галиќ, поранешен директор на Хрватската енергетска регулаторна агенција (ХЕРА) и тогашниот секретар на Дамир Поланчец, Звонимир Новак. Иако требаше да сведочи и поранешниот Државен секретар – Бранимир Хорачек, тој не се појави на рочиштето.

Прв сведочеше Звонимир Новак, тој истакна дека има некaкви сознанија за преговорите помеѓу владата на Хрватска и МОЛ по повод измена акционерскиот договор што се однесува на Ина, бидејќи присуствувал на седниците на таа комисија, во улога на секретар на Дамир Поланчец (кој бил на чело на комисијата). Новак напомена дека еден состанок помеѓу владата и МОЛ, го водел Ведран Дувњак, бидејќи Поланчец бил спречен да дојде.

Поранешниот секретар наведе дека во летото 2008г. се одржале и неколку состаноци кои се однесувале  на издвојување на бизнисот со плин од Ина. На овие состаноци, не присуствувале членовите на комисијата формирана за Ина, туку Томо Галиќ, Бранко Радошевиќ и Бранимир Хорачек од хрватска страна, а  од унгарска  Жолт Хернади, Абел Галач и Јона Фодор. Според Новак одржани биле неколку седници, а служебни записници колу што е он запознаен не се воделе. Студијата покажала дека компанијата за плински бизнис на почетокот би била во загуба од 2 милјарда куни. Новак истакна дека не присуствувал на состаноците во врска со откуп на подземниот склад за плин Околи. На прашањето на одбраната дали Радошевиќ бил дел и од комисијата за Ина, Новак одговори негативно, потенцирајки дека освен членовите на комисијата присуствувал и адвокатот Зоран Марковиќ. Тој објасни дека унгарците за одвојување на бизнисот со плин, што им носел само загуби, ветувале продожување на одредени права што Хрватска ги имала оригиналниот договор за акционери.

Вториот сведок Томо Галиќ, потврди дека присуствувал на состаноците одржани летото, 2008 година и на кои се разговарало за издвојување на бизнисот со плин. Тој додаде дека на состанокот имало  претставници од Плинакроа, Министерството за економија и Ина. Задачата на Галиќ  била да преговара околу тарифниот систем за складирање на плин, откако двете страни ќе ги договорат условите за издвојување на бизнисот со плин. Тој за себе рече дека ја завршил својата работа чесно.

30.01.2012 – Унгарското обвинителство ја затвори истрагата за случајот „Ина-МОЛ“

Унгарското државно обвинителство ја затвори истрагата што се водеше кај нив за случајот „Ина-МОЛ“. Од унгарското обвинителство велат дека од истрагата не утврдиле ништо што укажува на криминални дејствија, односно дека  МОЛ не дал никакво мито, јавуваат хрватските медиуми. На ова УСКОК одговори дека тоа не ја менува ситуацијата во нивниот случај и дека истрагата против шефот на МОЛ, Жолт Хернади во Хрватска и понатаму е отворена. Според унгарците, истрагата покажала дека парите што Санадер наводно ги примил како мито, биле префрлани преку две кипарски фирми кои немаат никаква врска со МОЛ бидејќи се во сопственост на некој руски инвеститор.

10.02.2012 – Потврдено обвинениетo за аферата „Фими медиа“

Жупанискиот суд во Загреб, денеска зад затворени врати донесеодлука за прифаќање на обвинението за случајот „Фими Медиа“ односно т.н. црни фондови на ХДЗ.

12.01.2012 – На денешното рочиште сведочеа Дражен Бошњаковиќ, ексминистер за правда на Хрватска и поранешниот претседател на хрватскиот фонд за приватизација Ведран Дувњак. Бошњаковиќ и Дувњак биле дел од комисијата  формирана од страна на хрватската влада, за преговори со МОЛ по повод измена на акционерскиот договор на Ина. На чело на комисијата бил Дамир Поланчец, заменик претседателот во владата на Санадер.

Бошњаковиќ рече дека биле одржани три седници во првата половина на 2008г.. На првата биле договорени техничките детали околу работата на комисијата и било донесен заклучок дека треба да ангажираат адвокатски тим, а веќе наредната седница тимот бил избран. На третиот состанок присуствувале и унгарските преставници, но наводно Бошњаковиќ го напуштил состанокот, поради други обврски. Сведокот истакна дека записници, ниту пак извешати за работата на комисијата не се воделе. На прашањето дали комисијата ја исполнила својата задача како што треба, Бошњаковиќ одговори негативно. Истакна дека комисијата имала само советодавна улога, односно дека владата го имала последниот збор.

За разлика од Бошњаковиќ, Дувњак рече дека се одржале четири седници, но дека и тој не памети да се воделе некакви записници. Она што можеше да го потврди е дека на состаноците на комисијата не се разговарала за бизнисот со плин.  На прашањата на одбраната кој го избрал адвокатското друштво (кое работело за повисока цена од предвидената), се појавија мали несогласувања во исказот на сведокот, Дувњак најпрвин одговори дека друштвото било избрано од страна на комисијата, а потоа го корегираше својот исказ тврдејќи дека изборот бил од страна на  Министерството за економија, но дека конечната одлука ја донел Дамир Поланчец. Тој исто така рече дека комисјата не превземала ништо по повод оваа одлука на владата. Се сложи со претходниот сведок дека комисијата не ја остварила доверенета задача.

11.01.2012– Во процесoт против  екс-премиер на Хрватска, денеска сведочеа Марио Черхак – сопственикот на ресторанот Марчелино и Бранко Радошевиќ –  поранешен извршен директор на „Плинакро“.

Во своето сведочење Радошевиќ истакна дека како директор на„Плинакро“ присуствувал на  состаноците во Министерството за економија, каде се разговарало за Ина и МОЛ. Наводно на овие состаноци поранешниот потпретседател на владата на Хрватска, Дамир Поланчец презентирал модел што предвидува откупување на  плинскиот бизнис од Ина за една куна и претворање на истиот во посебна компанија. Целта била да се одржи ниска цена за крајните корисници, со оглед на тоа што Ина бележела само загуби. Во текот на преговорите дошло до несогласувања помеѓу Поланчец и Хернади,  околу цената на плинот која новоснованата државна фирма би ја плаќала. Преговорите резултирале со договор за откупување на подземниот склад за плин, но наводно под притисок на Санадер и Поланчец тоа побрзо да се заврши, од причина Ина да не го изгуби кредитниот рејтинг. Според Радошевиќ, купувањето на складот не е оправдано.

Вториот сведок, сопственикот на ресторанот каде се сретнале Санадер и Хернади, сведочеше за снимката која заврши кај ДОРХ, но и кај новинарите.Черхак се колнеше дека на никого не му кажал за снимките на кои се гледа Санадер, но не можеше да објасни како дознале медиумите и обвинителство за истите. Тој истакна дека намерно ги избришал скоро сите снимки на кој бил Иво Санадер, но зошто ја сочувал баш таа снимка исто така не можеше да објасни. Сведочењето на Марио Черхак, хрватските медиуми го окарактеризираа како урнебесно, тој толку го налути судијата Турудиќ, што на неколку пати беше опоменуван дека ќе биде казнет.

16.12.2011 – На денешното рочиште беше предвидено да сведочат поранешните менаџери на Хипо банка,  Курт Макул и Франц Хаслингер, но се појави само Хаслингер. Макул како и Култерер, во писмото испратено до судот побара да биде испитан преку видео линк.

Хаслингер во периодот 94-95г. бил одговорен на Одделот за развој на Хипо банка во Хрватска и Словенија, а потоа само за Словенија, надреден во тоа време му бил Стридингер. Според неговото сведочење, стандардна пракса било на посредникот да му биде исплатена провизија и истата да се пресмета во трошоците за кредит. Во овој случај Хаслингер од Култерер дознал дека наводно Санадер ќе ја добие провизијата за која се договориле да изнесува осум посто, но бидејки надзорниот одбор сметал дека е тоа премногу, ја намалиле на пет посто. Адвокатот на Санадер, Чедо Продановиќ повторно воочи дека исказот и на овој сведок не се согласува со претходно дадените искази. Очекувано, приговараше и Санадер, ги отфрли сите тврдења и рече дека Хаслингер лаже, бидејки тој наводно не земал никаква провизија.

Жолт Хернади под истрага

Под истрага на унгарските власти деновиве се најде и првиот човек на МОЛ Жолт Хернади, потврдија од МОЛ. Според хрватските медиуми, Хернади наводно признал дека често се среќавал со Санадер додека бил на премиерска функција, но и после тоа. Дел од средбите биле одржани во зградата на ХДЗ. Меѓудругото, во септември 2009г. бил одржан состанок на кои присуствувале Санадер, Дамир Поланчец – тогашниот заменик претседател на владата на Хрватска, Иван Шукер – ексминистерот за финансии и Јадранка Косор која тогаш била во својство на премиер. Тема на овој состанок наводно бил „бизнисот со плин“.

16.12.2011 – На денешното рочиште беше предвидено да сведочат поранешните менаџери на Хипо банка,  Курт Макул и Франц Хаслингер, но се појави само Хаслингер. Макул како и Култерер, во писмото испратено до судот побара да биде испитан преку видео линк.

Хаслингер во периодот 94-95г. бил одговорен на Одделот за развој на Хипо банка во Хрватска и Словенија, а потоа само за Словенија, надреден во тоа време му бил Стридингер. Според неговото сведочење, стандардна пракса било на посредникот да му биде исплатена провизија и истата да се пресмета во трошоците за кредит. Во овој случај Хаслингер од Култерер дознал дека наводно Санадер ќе ја добие провизијата за која се договориле да изнесува осум посто, но бидејки надзорниот одбор сметал дека е тоа премногу, ја намалиле на пет посто. Адвокатот на Санадер, Чедо Продановиќ повторно воочи дека исказот и на овој сведок не се согласува со претходно дадените искази. Очекувано, приговараше и Санадер, ги отфрли сите тврдења и рече дека Хаслингер лаже, бидејки тој наводно не земал никаква провизија.

15.12.2011– Повластена положба на Хипо банка на хрватскиот пазар во замена за провизија му ветил Санадер на Култерер – ова го обележа денешното сведочење на Гинтер Стридингер, поранешен директор (94-95г.) на Одделот за надворешни работи на австриска Хипо банка, близок соработник на Волфганг Култерер. Според сведочењето на Стридингер, провизијата од 5 посто во готовина, била договорена помеѓу Култерер и Санадер на состанок одржан во Министерството за надворешни работи. Подоцна Стридингер по директива на Култерер составил записник од состанокот, истиот беше приложен како доказ од страна на Обвинителството.

„Договорена беше провизија од 5 посто за кредит во износ од 7 милиони австриски шилинзи (приближно 509 илјади евра), 50 посто се  исплаќаат при прифаќање на договорот, а 50 пoсто после потпишувањето на истиот, во случајов предвидено за  јануари 1995г.“  – Гинтер Стридингер

Во записникот стои дека посредник помеѓу Санадер и Хипо банка ќе биде извесен Еуген Лакс. Според Стридингер, праксата да им се исплати провизија на лицата кои посредуваат при одбрување на кредит е во согласност со австриското закондавство, но дека почесто била исплаќана провизија 2-3, а најмногу 5 посто.

Мистериозната личност Еуген Лакс

Еуген Лакс, односно личноста која се претставувала под ова име, Стридингер ја видел на неколку наврати кога  доаѓала по парите (провизијата била исплатена на неколку пати во готово). Стридингер, иако не можеше да даде точен опис, рече дека се работело за маж помеѓу 35 – 45 години. Не можеше да потврди дали секогаш доаѓала истата личност, но не и Иво Санадер. Истакна дека Култерер е тој што може да го идентификува Еуген Лакс, бидејќи тој ја вршел исплатата.

Стридингер наведе дека Волфганг Култерер и Јерг Шустер биле негови надредени и следствено на тоа лично не учествувал во преговорите околу кредитот, но дека присуствувал на неколку состаноци со Иво Санадер и Мате Граниќ, на кои се разговарало за ситуацијата во Хрватска. Стридингер истакна дека во периодот кога се одвивале преговорите околу кредитот го сретнал Санадер во Клангефурт, Австрија на паркингот недалеку од  „Хипо Лизинг, каде бил во друштво на жена, која Санадер му ја претставил како негова сопруга (и сведокот Драго Видаковиќ тврдеше дека го видел Санадер на оваа локација, во друштво на жена). Санадер приговори дека не е можно да го видел на паркингот во Клангефурт, зошто не бил таму.

Иако денеска требаше да сведочи и Култерер, бившиот директор на Хипо банка наводно не бил уредно поканет, а и не бил во можност лично да дојде, единствен начин за да биде испитан било преку видео линк, пренесе неговиот адвокат.

Санадер ќе се брани од слобода

Денеска Врховниот суд ја одби жалбата на УСКОК на Санадер да му биде продолжен притворот. После година дена поминати во Реметинец и австриските затвори, бившиот премиер на Хрватска ќе има шанса се брани од слобода.

9.12.2011 – На денешното рочиште испитани беа сведоците Крешимир Драгиќ и Игор Лукиќ, членови на  комисијата што  го подготвувала новиот предлог договор помеѓу ИНА  и МОЛ. На кратко, тие објаснија дека Санадер не вршел притисок врз останатите членови на владата за да  изнуди некаква одлука во негова корист, туку напротив во еден наврат нагласил да внимаваат  на состојбата со плинскиот бизнис, токму поради граѓаните.

9.12.2011 (14:00ч) – Пристигна и третото обвинение против Санадер, овој пат за „Фими Медија“

Додека траеше рочиштето, во Жупанискиот суд пристигна и најновото обвинение против Иво Санадер за аферата „Фими Медија“. По истрагата која траеше скоро година и пол,  УСКОК поднесе обвинителен акт против партијата ХДЗ, Иво Санадер – како некогашен претседател на оваа партија, благајникот на ХДЗ Младен Баришиќ, портпаролот на Владата и шеф на изборните штабови на ХДЗ Ратко Мачек, благајничката Бранка Павошевиќ, сопственичката на „Фими медија“ Невенка Јурак, нејзини соработници Анита Лончар и Бојан Димиќ, и нивните фирми „Фими медија“, „Ани-Лон“ и „Онида“. Се работи за еден од најголемите корупциски скандали во Хрватска, обвинетите се товарат за извлекување на приближно 10 милиони евра од државните институции и за полнење на „црниот фонд“ на ХДЗ преку маркетинг агенцијата „Фими медија“. Ова e третото обвинение против Санадер, УСКОК побара продолжување на притворот (со одлука на Уставниот суд во Хрватска, Санадер требаше да излезе од притвор на 12 декември). Хрватскиот сабор изгласа одземање на пратеничкиот имунитет.

8.12.2011 –  На денешното рочиште во улога на сведок се појави Драго Видаковиќ, поранешен долгогодишен шеф на „Хипо Лизинг Кроатиен, моментално живее и работи во Калифорнија. Видаковиќ истакна дека во 1995г. видел како поранешниот претседател на управата на Хипо  Банка, Волфганг Култерер му подава жолт коверт на Санадер на паркингот пред „Хипо Лизинг“  во Клангефурт, Австрија.

„Во еден момент од задната страна на зградата излезе Култерер со коверт во раката. На паркингот го чекаше Санадер, се поздравија, Култерер му го подаде ковертот. Санадер се одалечи, влезе во автомобилот и си замина.  Во автомобилот со него беше една госпоѓа со црна коса, корпулентна..“ – Драго Видаковиќ

  • На прашањето на ЈО Тамара Лаптош, на кого му била исплатена провизијата за кредитот, Видаковиќ рече дека се зборувало истата дека ќе му биде исплатена на Иво Санадер.
  • Запрашан од адвокатот Чедо Продановиќ како  до сега не  му текнало да даде исказ во УСКОК, одговори дека дознал од медиумите за истрагата и сметајќи дека може да помогне се јавил во УСКОК. Во врска со тоа дали во истиот момент се водела истрага против него, рече дека периодот кога бил испитан од УСКОК, адвокатот му јавил дека се води некаква истрага против него и дека не памти точно дали тогаш му го замрзнале имотот. Видаковиќ потврди дека во моментов против него и поранешната управа на „Хипо Лизинг Кроатиен“  се води истрага пред Жупанискиот суд, поради наводна измама при купување на канцелариска опрема, но нагласи дека тука не станува збор за никакво нагодување со УСКОК.
  • Сведокот беше испрашуван и од страна на Санадер.  Експремиерот праша како Видаковиќ во улога на возач можел дознае деловни тајни и зошто порано не се јавил во УСКОК, на пр. кога почнало да се пишува за Хипо, коментирајки дека граѓанска должност е веднаш да  се пријават такви информации, по што беше опоменат од страна насудијата Турудиќ дека прашањето му преминува во коментар.

Во врска со средбите помеѓу шефовите на Хипо банка и Иво Санадер, сведокот напомена дека две средби се оствариле со тогашниот Министер за надворешни работи Мате Граниќ, а останатите биле со Санадер. За името Еуген Лакс, рече дека не му познато.

24.11.2011 – Продолжи сведочењето на Мате Граниќ. Екс-министерот за надворешни работи повторно посочи дека Санадер ги водел преговорите со Хипо банка и дека тој не присуствувал на ниту еден состанок со преставниците на банката. Според Граниќ, Иво Санадер му рекол дека  некој угледен иселеник од Хрватска, по сугестија на тогашниот претседател Туѓман, може да им помогне во преговорите со Хипо банка, бидејќи истиот имал добри политички и службени врски со Австрија.

„После две недели, мојот заменик ми рече дека овој  иселеник сака да му платиме доколку ги користиме неговите услуги, му одговорив дека тоа не доаѓа во предвид. Со тоа, таа приказна беше завршена. По некое време беше составен и конечниот договор, заклучивме дека е прифатлив за двете страни, го препратив до владата каде истиот беше одобрен..“ – Мате Граниќ

Во понатамошното сведочење, Граниќ кој исто така бил и Министер за финасии во тоа време, рече дека го потпишал договорот и наводно сите обрски за реализација му ги препуштил на Санадер. На прашањето на судијата Иван Турудиќ дали се сеќава на името на иселеникот, Граниќ  истакна дека не се сеќава, од медиумите дознал дека се работи за Еуген Лакс.

При испитувањето на сведокот од страна  на одбраната, беше посочено дека исказите на Граниќ не се поклопуваат со оние дадени во УСКОК, во однос на временските интервали, неговите соработници, содржината на писмото и сл.  Ексминистерот се оправда со фактот дека ова се случувало пред 17 години, време кога имало  побитни прашања од ова како на пр. војната, но дека стои позади она што го кажал на денешното рочиште. Одбраната напомена дека Граниќ намерно ги померувал временските интервали  на случувањата поврзани со Хипо банка, за да испадне дека Сандер ги водел сите преговори.

18.11.11г. – Прегледана беше снимката од средбата помеѓу Санадер и Хернади. И покрај противењето на одбраната, судот одлучи дека снимката е законска и дека ќе ја прифати како доказ. Одбраната наведе дека снимката е монтирана и дека никаде не го потврдува присуството на Јежиќ на состанокот. Јавниот Обвинител  Тамара Лаптош се осврна на фискалната сметка, која  сведочела за неговото присуството, иако на снимката него го нема.

МОЛ: Средбата помеѓу Санадер и Хернади воопшто не е чудна

Со образложение излегоа од  МОЛ. Од унгарската нафтена компанија објаснуваат дека  средбата помеѓу хрватскиот премиер  и првиот човек на МОЛ  воопшто не е чудна, земајќи предвид дека се работи за најголемиот инвеститор во Хрватска. Додаваат дека Хернади како директор на една од најголемите енергетски компании во Средна Европа во последните 10 години се сретнал со повеќе од 42-ца премиери. Средбата не била тајна и не се случило ништо незаконско. Ова го поткрепуваат со фактите дека и двајцата пристигнале во ресторанот со возач, телохранител, а било и истакнато дека објектот е под видеонадзор.  Во врската со одлуката на судот, Хернади да не сведочи, бидејќи против него се водела наводна истрага за која тие не се запознаени, истакнуваат дека им е жал бидејки имал што да каже.

Сослушан беше и сведокот Мате Граниќ, поранешен министер на Хрватска за надворешни работи.

Граниќ наведе дека му препуштил на Иво Санадер како негов заменик, да ги води сите преговорите околу кредитот со Австриска Хипо банка. Сведочењето на Граниќ ќе продолжи на следното рочиште.

17.11.2011 – На денешното рочиште беа испитани сведоците, Владимир и Томислав Курелец, роднини на Еуген Лакс, наводниот посредник преку кој Санадер добил провизија од Хипо Банка. Наведоа дека Лакс кој живее во Бразил, доаѓал во Хрватска каде има роднини и дека бил дел од англиската масонска ложа. Додадоа дека Лакс имал адвокатска канцеларија во Бразил, но дека не не биле во контакт.

Отфрлено беше барањето на одбраната како сведок да биде сослушан првиот човек на МОЛ – Жолт Хернади од причина во моментов се водела истрага против Хернади. Целта на одбраната е преку ова сведочење да  докаже дека Санадер не примил мито. На предлог на одбраната како сведоци ќе бидaт повикани членови на ХДЗ, но на овој список не се наоѓа и  Јадранка Косор. Како сведок е повикан и братот на Санадер, Флавио Санадер кој пак треба да даде исказ за средбата помеѓу Јежиќ и Иво Санадер во Швајцарија.

Обвинителството денеска приложи и најнов доказ – писмен допис од Санадер до бившиот директор на Хипо Банка, наводно ветување дека оваа банка ќе има повластена положба на Хрватскиот пазар.

Во своето почетно обраќање пред судот, Санадер рече дека клучниот сведок на обвинителството аферата ИНА МОЛ“, неговиот поранешен пријател Роберт Јежиќ измислува. Наводно Јежиќ бил оној кој им се осветува на МОЛ од службени причини и наведе дека истото ќе биде докажано. Јежиќ во текот на истрагата тврдеше дека наводното мито од МОЛ било исплатено преку неговата фирма во Швајцарија. Инаку снимката од средбата помеѓу Санадер и Хернади во ресторанот „Марчелино“, беше прибавена преку фискалната сметка што Јежиќ ја понуди како доказ, наводно и тој присуствувал на оваа средба. На оваа снимка се гледа како поранешниот премиер и првиот човек на МОЛ разменуваат некакви ливчиња и ги вадат батериите од мобилните телефони.