/ Прочитано:

1.602

Тркалезна маса „Анализа на потребите за градење на капацитети на претприемачите“

Во Стопанската комора на Македонија во Скопје, Фондацијата „Претприемачки сервис за млади“ организираше тркалезна маса со цел да ги идентификува потребите за градење на капацитети на младите претприемачи во рамките на проектот „БалканМед ИННОВА“ – Балканско-медитеранскиот центар за претприемништво и иновации.

Повеќе од 50 мали и средни претпријатија од секторите: туризам и културно наследство, агробизнис, информатички комуникациски технологии и енергија и животна средина,  учествуваа во анализата спроведена во текот на претходните месеци и обезбедија информации за потребите за градење на капацитети.

Наодите од анализата беа презентирани на тркалезната маcа пред мултисекторски панел на учесници, вклучувајќи претставници од институции, организации за поддршка на бизниси, сопственици на бизниси и студенти.

Работилницата, организирана како тркалезна маса, им обезбеди можност на учесниците да се вклучат во дискусијата, да ги искажат своите ставови и мислења во однос на наодите презентирани во анализата. Повратните информации се од голема важност бидејќи претстојните активности на проектот ќе се фокусираат на воспоставување на веб-школа со транснационални е-курсеви за претприемништво.

Проектот е финансиран од Европската Унија преку транснационалната програма „Балкан-Медитеран 2014-2020” и повеќе информации за него можете да прочитате на следниот линк http://www.balkanmed-innova.eu/

Проектот е имплементиран од Фондацијата „Претприемачки сервис за млади“ (Македонија), Центарот за стручно образование Лезбос (Грција), Технолошкиот универзитет Кипар, Руралната асоцијација за поддршка (Албанија), Иновацискиот центар на Бугарската академија на науките (Бугарија) и Технолошкиот образовен институт на Епир (Грција).

M.В