/Прочитано:

687

TРКАЛЕЗНА МАСА: „Судска заштита против неправилности при извршувањето“

Среда, 25 септември 2015 – Комората на извршители на РМ во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, утре, 26 ноември, во просториите на Академијата, организира тркалезна маса на тема „Судска заштита против неправилности при извршувањето“. 

Со воведно обраќање, тркалезната маса ќе ја отворат претседателот на Комората на извршителите на Република Македоија, Зоран Петрески и директорката на Академијата, Анета Арнаудовска,

Свое излагање на конкретната тема „Судска заштита против неправилности при извршувањето“ ќе има поранешниот министер за правда, Михајло Маневски.

Претседателот на Основниот суд Скопје 2, Илир Сулејмани, пак, ќе говори за судската пракса при постапување по приговори против неправилности со акцент на одлучување по барање за одлагање и практична примена на членот 211 од Законот за извршување.

Тркалезната маса е наменета  за извршителите од апелационото подрачје Скопје, претседателите на основните судови, судиите од граѓанскиот оддел на Апелациониот суд Скопје, како и и стручните судски службеници на основните судови кои работат на соодветната материја.