/ Прочитано:

1.724

Тркалезна маса за пенитенцијарниот систем и пробациската служба

Денеска во организација на Министерството за правда,  Управата за извршување на санкциите и Германската фондација за меѓународна правна соработка – ИРЗ, во рамките на активностите на проектот „Јакнење на пенитенцијарниот систем и пробациската служба“, кој е финансиски поддржан од Делегацијата на Европска Унија во Скопје, се одржа тркалезна маса за промоција на пробациската служба во Република Македонија.

Придобивките од заживување во пракса на системот за алтернативно санкционирање на сторителите на кривични дела на слобода се големи, беше подвлечено на денешниот настан, на кој говореа заменик-министерот за правда Оливер Ристовски, директорот на Управата за извршување на санкциите,  Јовица Стојановиќ, и експерти од Германија во областа на правосудството и пробацијата.

„Со комплетираната легислатива и со обезбедените соодветни просторни услови, опрема и персонал нема никаква пречка судиите да започнат со изрекување на алтернативните мерки“, рече заменик-министерот за правда Оливер Ристовски на денешната тркалезната маса.

Според податоците на кои посочи директорот на Управата за извршување на санкциите, Јовица Стојановиќ, досега се отворени девет пробациски канцеларии, во кои работат 22 пробациски службеници. Пробациската служба, подвлече Стефановиќ, е  иднината на затворскиот систем во Македонија.

„Извршувањето на алтернативните мерки и обврски изречени во кривична постапка е со цел заштита на заедницата од криминал и ресоцијализација и реинтеграција на лицата спрема кои се извршуваат пробациските работи“, се пропишува во Законот за пробација.

Развојот на пенитенцијарниот систем е дел од реформата на казнено-правниот систем, што треба да придонесе кон создавање на функционален систем на извршување на санкциите, кој ќе обезбеди успешна ресоцијализација и социјална адаптација на осудените лица и нивно реинтегрирање во слободното општество.

Функционирањето на пробациските служби во сите земји каде што се воспоставени покажува исклучително добри резултати во намалувањето на затворската популација, подобрување на ресоцијализацијата на осудените лица и намалување на рецидивизмот.

Градот Скопје и Управата за извршување на санкциите потпишаа меморандум за соработка

Примарната улога на затворите е корекција на однесувањето на лицата кои сториле кривично дело

Во подготовка измени на Законот за извршување на санкциите

Електронските алки за следење на осудениците конечно ќе бидат ставени во функција, најавуваат од Управата за извршување санкции

СТАПУВА ВО ПРИМЕНА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПРОБАЦИЈА: Пробациска служба и алтернативни мерки изречени во кривична постапка

ПРЕДИЗВИЦИТЕ ОД ЗАКОНОТ ЗА ПРОБАЦИЈА: Англиски, велшки и хрватски искуства за општокорисната работа и за условниот отпуст

Издржувањето на условниот отпуст во заедницата ќе го намали повторувањето на делата

СЕ ВОВЕДУВА ПРОБАЦИСКАТА СЛУЖБА: Законот за пробација и измените на КЗ пред пратениците

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Донесувањето на Закон за пробација е нужност

ПРОБАЦИСКА СЛУЖБА: Електронски алки за лицата со изречена казна куќен затвор или мерка притвор

М.В