/ Прочитано:

6.113

УЈП: Бруто-плата 2018 – најниска и највисока основица за пресметување придонеси

Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во јануари 2018 година, изнесува 34.079,00 денари.

Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување, и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец јануари до месец декември 2018 година (во согласност со членот 15 и членот 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување).

  • Најниската основица за пресметка на придонесите за 2018 година изнесува 17.040,00 денари (50 % од 34.079)
  • Највисоката основица за пресметка на придонесите за 2018 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 545.264,00 денари (16 x 34.079)
  • Највисоката основица за пресметка на придонесите за 2018 година за самовработено лице изнесува 408.948,00 денари (12 x 34.079)

Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер – МПИН (види http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81) која го содржи новиот параметар.