/ Прочитано:

2.525

УЈП: Даночните канцеларии со продолжено работно време за прием на годишните даночни пријави

Денес, 15 март, истекува рокот за поднесување на Годишната даночна пријава (образец ПДД-ГДП), поради што Управата за јавни приходи го продолжува работното време на даночните канцеларии со цел граѓаните да можат да ги запазат законските рокови за исполнување на нивната обврска за пријавување на приходите.

  • Сите регионални дирекции на УЈП (Скопје, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Прилеп) ќе примаат пријави до 21:30 часот;
  • Сите даночни одделенија на УЈП (Охрид, Струга, Ресен, Кавадарци, Велес, Неготино, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Виница, Свети Николе, Берово, Гевгелија, Радовиш, Гостивар, Кичево и Дебар) ќе примаат пријави до 18:00 часот;
  • Сите даночни шалтери (Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево, Кратово, Делчево, Пробиштип и Валандово), вклучувајќи ги и дополнителните шалтери отворени во Центар (зграда на ССМ), како и општините Ѓорче Петров, Гази Баба и Аеродром, ќе примаат пријави до 18:00 часот.