/ Прочитано:

1.182

УЈП до граѓаните: Наближува крајниот рок – 31 декември за регистрација на системот е-персонален данок

Граѓаните кои досега не ја исполниле својата обврска и не се регистрирале на е-пдд, Управата за јавни приходи ги потсетува дека покрај шалтерите лоцирани во Регионалната дирекција Скопје, отворени се и дополнителни шалтери лоцирани во:

  • Општина Ѓорче Петров – во зградата на Урбаната заедница Ѓорче Петров (кај полициската станица) и
  • во Општина Аеродром – во општинската зграда на вториот кат.

Канцелариите на УЈП во овие две општини се отворени секој работен ден до 31.12.2018 година, со работно време од 8:00 до 18:00 часот.

  • Во Општина Кисела Вода – барака број 4,
  • во Општина Гази Баба – барака за едношалтерски систем (поранешен даночен шалтер на УЈП) и
  •  во Општина Чаир.

Даночните шалтери во овие три општини се отворени секој работен ден до 31 декември, со работно време од 8:00 до 16:00 часот.

Ве известуваме дека и регионалните дирекции на УЈП во Скопје, Штип, Тетово и Битола работат од 7:00 ч. до 21:30 часот.

Со истото работно време ќе работат и во наредниот период, освен на 31 декември 2018 година, кога ќе бидат отворени до 16:30 часот.

Регионалните дирекции ќе бидат отворени за граѓаните и во последните две саботи од месецот, односно на 22.12.2018 и 29.12.2018, со работно време од 8:00 до 14:00 часот.

На следниот линк http://ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/400 е и распоредот на вонредниот возен ред на мобилниот даночен шалтер, којшто ги посетува населените места во Скопје каде што Управата за јавни приходи нема постојани даночни канцеларии.