/ Прочитано:

1.271

УЈП ја објави новата листа на должници

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2018 за долгови достасани до 31.1.2018 и неплатени до 30.4.2018 година, по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: a) повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и б) повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб-страницата на Управата за јавни приходи, во согласност со членот 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб-страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

08-3371/1_Листа на должници бр.05/2018_10.05.2018