/Прочитано:

215

УЈП ја објави новата листа на должници

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници за долгови довтасани до 30.06.2018 и неплатени до 30.09.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб-страницата на Управата за јавни приходи во согласност со членот 9 од Законот за даночна постапка. Листата е достапна на следниот линк.